Емитер 6/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Една француска истражувачка екипа астрофизичари барајќи објаснување за чудното присуство на радиоактивни елементи во составот на метеоритите објавила радикално нова хипотеза за начинот на раѓање на Сончевиот систем според која клучна улога во неговото раѓање одиграла експлозија, супернова, на некоја масивна ѕвезда.
Да се потсетиме, според класичното сценарио за раѓањето на ѕвездите и на нивните придружни планети, тоа се случува со спонтано автономно згуснување на некоја маглина од примордијарен гас, која колабира во самата себе под дејство на сопствената гравитација. Притоа од централниот дел на маглината се формира ѕвездата на тој начин што тој дел сè повеќе се загрева поради сè поголемата негова компресија, и при одредена температура во него започнува термонуклеарен процес, кој ја "запалува" ѕвездата. Во периферниот дел од облакот се случуваат парцијални згуснувања на различни оддалечености од неговиот центар од кои настануваат планетите околу ѕвездата. Таквото сценарио му беше припишано и на нашето Сонце, но...
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.