Рубрика: Астрономија и астронаутика
Ракети-носачи (4): Европски и кинески ракети
Автор: Александар Тошоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ова е четврт дел од серијата на текстови за ракетите-носачи кои се во употреба денеска. Во овој дел се претставени денешните европски и кинески ракети-носачи и нивниот развој, како и идните ракети-носачи кои се во развој.

На врвот на космичката трка во шеесетите години на минатиот век, покрај тогашниот Советски Сојуз и САД, во космичката трка со свои ракети-носачи учествувале и Франција и Велика Британија. Сепак, овие земји увиделе дека секоја поединечно не можат да се натпреваруваат со технички и финансиски помоќните СССР и САД и затоа заедно со други западноевропски земји во 1964 година основале две меѓународни организации: Европската организација за развој на лансирни системи (European Launcher Development Organisation, ELDO) и Европска организација за истражување на космосот (European Space Research Organization, ESRO). Овие две организации во 1975 година се споиле во една организација, Европска космичка агенција ЕСА, еквивалент на американската НАСА. Првата ракета-носач произведена за потребите на ЕСА била Аријана 1 од 1979 година. Со понатамошен развој на оваа ракета настанале ракетите-носачи Аријана 2, 3 и 4, додека ракетата Аријана 5 е сосема нова конструкција. Ова е воедно единствена ракета-носач која во моментов ја користи ЕСА.
Развојот на првата кинеска ракета-носач Долг марш 1 (на кинески Чанг Женг) започнал во 1965 година, а првото успешно лансирање било на 24 април 1970 година кога бил лансиран првиот кинески сателит Црвениот исток 1 (Донг Фанг Хонг). Ракетата била развиена врз основа на воената балистичката ракета со среден дострел Донг Фенг 4. Денеска во употреба се ракетите-носачи Долг марш од серијата 2, 3 и 4 кои се развиени на основата на воената интерконтинентална балистичка ракета Донг Фенг 5.

Клучни зборови:

Лансирање на ракетата Ариана.

Лансирање на ракетата Долг Марш.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.