Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Астрономите уловиле астероид по судир;
Малиот хрватски електричен фраер;
Автомобили на "воздушно-бактериски" погон;
Прв приватен институт на балканот;
AMD ја претстави новата верзија на Catalyst Divers 11.5;
Меки "зелени" генератори;
Пет години од смртта на Паскал Сотировски;
Презентација на Optoma Digital Signage;
Panasonic доби три 2011 TIPA награди;
Награда од Касперски за нашиот диструбутер;
Победи малку, изгуби уште повеќе;
Fatman Itube, докинг станица за Ајпод;
Велосипед од бамбус;
ARP 188 и опашката на полноглавецот;
Уред кој дијагностицира рак за шест минути;
Panasonic Trade Show во Скопје;
Raspberry Pi - компјутер со големина на USB стикче;
Дали Интел може да го надмине рекордот на Texas Instruments?
BP893 MicroEarset - микрофон што се закачува на или над уво;
Арди продолжува да ги бранува ставовите на палеонтолозите

Автомобили на "воздушно-бактериски" погон
Бројот на луѓето на планетата е сè поголем и поголем. Потребите на луѓето се исто така сè поголеми, а ресурсите на вода, храна и гориво се сè помали. Од овие причини човештвото е во потрага по нови ресурси: енергија од Сонце, од ветер, од алги...
Едно истражување кое неодамна било завршено вели дека е откриен ензим во коренот на сојата, кој би можел да биде клучен за развој на технологија за производство на автомобили, кои ќе се движат на воздух. Azotobacter vinelandii е бактерија која се наоѓа во ензимот vanadium nitrogenase, ензим кој произведува амонијак од азотен моноксид, а може исто така, велат истражувачите од тимот, да го претвори јагленородниот моноксид во индустриски биопроизвод - пропан, гас кој гори со син пламен. Инаку и досега земјоделците ја ценеа сојата заради нејзината нутритивна вредност, но и заради фактот што ги содржи овие бактерии бидејќи тие преку ензимите бескорисниот азот го претвораат во амонијак, како и во други хемиски соединенија кои го поттикнуваат растењето на други земјоделски култури.
Знаејќи го сето ова, научникот Маркус Риб од Универзитетот во Калифонија во соработка со колегите го изолирал ензимот. Потоа ги отстранил азотот и кислородот од ензимот, а просторот го пополнил со јагленороден моноксид. Без кислород и азот, ензимот започнал да го претвора јагленородниот моноксид во мали синџири на јагленород, кои се состоеле од два или три атома, а како што е познато троен синџир на јагленород е всушност гасот пропан кој се користи за готвење во кујната, за греење и друго, попопуларен и попознат како плин.
Научниците истакнуваат дека истражувањето сè уште е во почетна фаза, но дека тоа може да доведе до нови начини на создавање на еколошки прифатливо гориво.
Новата функција на ензимот vanadium nitrogenase е значајно откритие кое во иднина ќе овозможи производство на автомобили чии мотори ќе користат "воздушно-бактериски" погон, тврдат научниците. Оваа вест е објавена неодамна на ABC News, како и во списанието Discavery.
Калина С. Андонова

Пет години од смртта на Паскал Сотировски
Оваа година се навршуваат пет години од смртта на големиот астрофизичар од македонско потекло Паскал Сотировски. Ненадејно почина на 16.3.2006 година во Париз на 76 годишна возраст. Тој е светски признат научник кој ја истражуваше сончевата активност. Тој е човекот кој најблиску им се доближи на Сонцето и ѕвездите. Тој е најголемиот научник од светски калибар што некогаш го имала Македонија. И точна е забелешката на сите оние кои ја имале среќата да се дружат, барем и на кратко, со него: "тој не беше само филозоф, тој беше сопственик и на импресивни знаења од историјата и уметноста и суверен господар на веселиот дух. Со македонските интелектуалци се чувствуваше еднакво комотно како и со француските, англиските, руските и другите учени соговорници. Амфитеатрите и салите за неговите предавања беа претесни." – Божин Павловски.
Паскал Сотировски роден е на 23.11.1927 година во село Врбен, Гостиварско. Завршил учителска школа во Белград и на 17-годишна возраст му се приклучил на батаљонот "Јане Сандански" и се борел на Сремскиот фронт (крајот на Втората светска војна) при што е одликуван со Орден за храброст. Завршил студии по физика на Филозофскиот факултет во Скопје и потоа неколку години работел како професор по физика во гимназијата "Маршал Тито" во Скопје. Во 1961 година станал асистент по астрофизика на Катедрата за физика при Универитетот "Св. Кирил и Методиј" - Скопје од каде заминал на специјализација во Париз. Таму завршил астрофизички студии на Сорбона во 1964 година (втора факултетска диплома), а во 1971 година со највисока можна оцена на тој универзитет ја одбранил својата докторска дисертација. По ова станува член на францускиот Национален центар за научни истражувања – високо признание во научните кругови. Исто така член е на Одделението за соларна и планетарна астрономија на Франција. Целиот работен век работел во прочуената опсерваторија "Медон" крај Париз и целиот 40-годишен работен век го посветил на проучувањето на Сонцето. Спектроскопијата на Сончевите дамки и Сончевите ерупции, влијанието на Сонцето врз Земјата и емитувањето на неутрината ја претставуваат главната, слободно може да се каже, животна преокупација на овој светски научник.
Важи за ненадминат светски авторитет за соларна физика. За академик на МАНУ бил избран на 7.5.1991 година. Во 2005 година ја основал Фондацијата "Паскал Сотировски" која ги стипендира младите таленти од земјава што студираат во Франција.
Томе Скендеровски

Арди продолжува да ги бранува ставовите на палеонтолозите
По 15-годишно дебатирање за фосилот Ardipithecus ramidus наречен Арди, откриен од палеонтологот Тим Вајт (Tim White) од Универзитетот Беркли, Калифорнија, САД, конечно во 2009 год. на прес-конференциите одржани во Вашингтон, САД и Адис Абеба, Етиопија, антрополозите него го промовирале како заеднички предок од кој се разгранила линијата на човекот и линијата на шимпанзото (ЕМИТЕР 11/09: "Збогување со алката која недостасуваше во еволуцијата на човекот"). Но, во текот на минатата година произлегле некои нови толкувања за фосилниот наод Арди, кои продолжиле да ги брануваат ставовите на антрополозите за некои еволуциски претпоставки. Како прво, тој 4,4 милиони год. стар женски фосил бил двоножец, кој според Тим Вајт живеел во шума, иако саваната му била во близина. На ова се спротивставил геологот Thure Cerling од Универзитетот во Утах, имено тој заедно со седуммина други антрополози објавиле докази од кои тие заклучиле дека живеалиштето на Арди претежно била саваната, а не шумата. Како второ, според некои други индикации, широкоприфатена хипотеза е дека заедничкиот предок на човекот и шимпанзото не бил двоножно суштество, туку четвороножно кое се исправило крстарејќи токму во високата трева во саваните. Но, најголема скепса за статусот на Арди искажал Тери Харисон (Terry Harrison), палеонтолог на Универзитетот во Њујорк. Имено, во списанието Nature тој изразил сомнеж за тоа дали воопшто Арди бил член од човековата еволуциска линија или таа била само човеколик мајмун (ape), т.е. само една "гранка заплеткана во некоја многу голема грмушка". Сличен сомнеж изразил и палеонтологот Дејвид Бегун (David Begun): "Арди можеби била некоја странична гранка на хоминидите, која директно не е во сродство со човекот".
Анализирајќи ги од сите можни аспекти различните толкувања за прифаќањето или неприфаќањето на Арди како наш заеднички предок со шимпанзото, научниците и натаму продолжуваат со дебатирањето. "За тој фосил ќе се дебатира уште многу долго време", објаснува Тим Вајт. "Но, тоа е корисна работа за науката", завршува тој.
Петар Лагудин

Наскоро гориво од бактерии?

Паскал Сотировски

Компјутерска реконструкција на фосилни остатоци од Арди

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.