Емитер 6/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Најефектна и најсигурна индикација за активиран алармен систем, покрај светлосната и звучната, е телефонското известување. Сензорите за несакано присуство, во алармниот систем или независно од него, го активираат автоматскиот телефонски бирач на точно предодреден телефонски број. Звучната индикација на другата страна на телефонската линија или на GSM мобилниот телефон индицира дека алармот во контролираниот објект е во активна состојба.
Појдовна точка – пресвртница при замисла на проектот беше кој начин на телефонско бирање да се одбере за известувањето: импулсно или тонско? Импулсното како едноставно, евтино решение со спор одговор или тонското како посложено, поскапо, но решение со брз начин на бирање? Високата цена на специјализираните тон-фреквентни генератори од типот на MT8800 и самото усложнување на градбата на уредот имаа влијание врз крајната одлуката да се изгради поевтин и поедноставен уред со импулсен начин наместо со тонски начин на бирање на бројот за известување. Електронскиот уред за известување е составен од PIC микроконтролер и неколку придружни компоненти: отпорници, лед диода (LED 1) за светлосна индикација, транзистор (T1) за управување со работата на релејот, рид релеј RR1, минијатурно трафо (TR1) и кондензатор (C1) за раздвојување. Системот за телефонско известување на аларм ("телефонска дојава") воспоставува "отворена" телефонска линија и генерира серија на брзи краткотрајни прекинувања со пауза помеѓу секоја серија на импулси. На крајот од таквата серија на импулси, линијата останува "отворена" уште 30 секунди. За тоа време микроконтролерот продуцира нискофреквентен аудиосигнал од околу 300 Hz, кој се внесува во телефонската линија како акустичка индикација за "активиран аларм".
ИК: PIC16F628;
Транзистор: 2N2222;
Аудиотрафо: 1:1 ... 1:5
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.