Рубрика: Астрономија и астронаутика
Космичката инфрацрвена заднина
Автор: Тања Петрушевска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Универзумот е богат со различни зрачења, честички и различни астрофизички појави. Веројатно веќе сте слушнале за космичкото микробраново заднинско зрачење за кое сме пишувале повеќе пати, но космичките заднини не завршуваат тука. Досега се уште не сме зборувале за досега неоткриената космичка заднина од неутрина, која што може да ни открие многу детали за првите секунди по Биг Бенгот. Исто така, постојат и други заднини низ електромагнетниот спектар - сите овие придонесуваат за она што се нарекува екстрагалактичка заднинска светлина.

Екстрагалактичката заднинска светлина е вкупната интегрирана светлина што некогаш била емитувана од страна на различни екстрагалактички извори. Тука може да се издвојат различни зрачења според доменот во кој што зрачат: во ултравиолетовиот, видливиот, инфрацрвениот, микробрановиот или радио делот од спектарот. На пример, космичката инфрацрвена заднина е 50-тина пати послаба од космичкото микробраново заднинско зрачење, па затоа не е воопшто лесно да се набљудува. Овие зрачења имаат и различни астрофизички потекла и датираат од различни астрофизички периоди. Инфрацрвената заднина потекнува од зрачењето на ѕвездите и галаксиите кои прв пат се појавуваат на космичката сцена после темното доба (ова доба трае 750 милиони години по Биг Бенгот). Додека, пак, космичкото микробраново заднинско зрачење се ослободува околу 380 000 години по Биг Бенгот.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.