Рубрика: Медицина
Заблуди и вистини: Заблудата за земање на додатен калциум
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Речиси не постои лекар кој не препорачал земање на суплементи кои содржат калциум со цел да се надминат проблемите со коските и остеопорозата. Неспорно е дека во сето ова има вистина, но вистината има и друга страна. Калциумот е добар за коските, но е и штетен за нешто друго. За што?! Одговорот е даден во текстов.

Општопознато е дека фармацевтската индустрија профитира врз лошото здравје на луѓето. Одредени лекари во спрега со фармацевтите и пишаните и електронски медиуми прават да веруваме во нешта кои се многу често далеку од вистината. Така на пример сите нè убедуваат дека холестеролот е виновен за таложење на наслаги на крвните садови и дека тоа е единствената причина за кардиоваскуларните заболувања, но најновите истражувања велат дека главниот виновник е калциумот! Факт е дека не постои човек на планетата кој не знае дека калциумот е многу важен за коските. Речиси не постои лекар кој не препорачал земање на суплементи кои содржат калциум со цел да се надмине остеопорозата. Неспорно е дека во сето ова има вистина, но вистината има и друга страна. Калциумот е добар за коските, но е многу штетен за еластичноста на крвните садови. А сте слушнале ли некој да почине од остеопороза или заради крти коски? Секако дека не. Може да ви е отежнато движењето, да страдате од скршеници, но жив сте, за разлика од тоа што секој втор во САД умира од кардиоваскуларни болести.
Но, да тргнеме по ред и да ги откриеме штетите кои може да ги предизвика калциумот, а за кои ретко кој зборува или кажува.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.