Емитер 1-6/2021.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Неспорно е дека постојат многу дезинформации во врска со здравата исхрана, особено за внесот на масти и протеини нивната врска со нивото на холестерол и триглицериди во крвта, како и евентуалните последици по здравјето. На оваа тема дискутираат Влатко Поповски, кој ја застапува тезата за “липотаријанска”диета со високо ниво на холестерол, и скептикот Владимир Филевски, кој ја застапува умерената и конзервативна страна на науката.
Влатко Поповски: Сведоци сме на многу дезинформации за исхраната и здравјето. Она што ми го привлече вниманието се контрадикторностите во самата наука и авторитетите. Сега ќе дадам пример колку треба да бидат триглицеридите во крвотокот пресметано биохемиско-математички и колку се поставени вредностите од мерењата кај широката популација.
Моите пресметки, засновани на научни податоци, покажаа дека во крвотокот треба да има триглицериди под 0,6 mmol/L (50 mg/dL). Од друга страна, преку масовни мерења е утврдено дека таа горна граница е трипати поголема. Во лабораториите, за жал, има болшевизам. Ако кај илјада или милиони луѓе измериле „толку” триглицериди во крвотокот, тогаш „тоа” за нив е нормално. Медицината и науката досега ги немаат објавено математичките пресметки и болно покачените триглицериди во крвотокот ги прогласиле за нормални.
Владимир Филевски: Значи, мојот почитуван опонент го изгради целиот свој текст на основа на следнава енормно погрешна „логика”:
1. „Мерењата на официјалната медицина се погрешни, бидејќи ја мереле крвта на огромна популација што погрешно се храни”.
2. „Моите математички пресметки, со кои докажувам дека официјалната медицина греши, се базирани врз податоците од мерењата на официјалната медицина” (кои се добиени со мерење на крвта на огромна популација која „погрешно се хранела”!!!)
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-6/2021. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.