Емитер 7-8/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Надминете го стравот од губење на летачкиот модел или макета која принудно се приземјила. Приземјената авионска макета полесно ќе ја пронајдете во густите џбунови и гранки доколку е акустички маркирана. Електронскиот уред за акустичка локализација продуцира продорен акустички сигнал со два тона кои ќе се огласат кога леталото ќе ги изгуби сигналите за телекоманда.
Немирот и стравот од губењето на летачкиот модел само го намалува задоволството и уживањето при управувањето со моделот. Не е редок случајот кога авионскиот модел "принудно ќе се приземји". Не е ни олку лесно да се пронајде малиот модел во густите џбунови, гранки или зеленилото на високите житни култури или трева. Моделот честопати ни е на дофат, а сепак далеку од нашиот видокруг. Долготрајното кружење во место само ја зголемува грижата од неуспехот дека моделот ќе биде пронајден. За поуспешна локализација на изгубениот модел ќе изградиме и вградиме уред за акустичка локализација на летачки модели. Секоја идеја започнува со филозофско размислување, а секој разговор започнува со "кафе-муабет". Локација: Аероклуб – Битола, време: врнежливо, околните модели и недовршени трупови од балза како инспирација зачинети со кофеин како стимуланс. Пред да започнам со објаснувањето за начинот на работа и инструкциите за изградба на локаторот, да споменам дека идејата за овај проект потекнува од мојот пријател Марјан кој ми укажа на тоа колкав благодет би била изградбата на ваков проект при потрагата на изгубените авионски модели. Марјан е инструктор во Аероклубот во Битола и добро знае колкава е маката да се пронајде летачкиот модел (ако остане во едно парче :-)). Разговаравме за тоа дали локаторот да биде со еден едноставен астабилен мултивибратор со NE555, дали тонот да биде континуиран или со прекини, како и со кој напон да се напојува уредот, неговите димензии итн. Го разгледавме просторот за монтажа во внатрешноста на различни авионски модели и макети и заеднички одлучивме и донесовме неколку ставови: - уредот да биде во CMOS техника поради малата потрошувачка на енергија и понискиот работен напон; - напојувањето да биде од батеријата на телекомандната електроника или од дополнителна литиумска батерија од 3V; - аудиоосцилаторот да биде со два тона поради полесно акустичко препознавање; - неговата работа да се управува од сервоимпулсите од излезот на рисиверот за телекоманда; - локаторот да биде минијатурен и лесен. Одлуката падна осцилаторот и неговата двотонска контрола, како и екстерното управување од страна на сервоимпулсите од приемникот да биде изведен со три Шмитови осцилатори. Интегрираното коло CD4093 содржи во својата внатрешност 4 Шмитови тригери.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.