Рубрика: Електроника
Лајт-шоу на 12V
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Самоградба на лајт-шоу уред претставува предизвик за мнозина електроничари-аматери, но притоа нив ги обесхрабруваат вообичаеното напојување од 230V и поврзувањето на склопот со аудиозасилувач на моќност, па тие се откажуваат од реализација. Овие проблеми се одбегнати во склопот кој овде ви го предлагаме, што него го прави многу лесен за самоградба.

Лајт-шоуто или поинаку кажано склоп којшто свети во ритам на тонски сигнал би сакале да го изградат многу електроничари-аматери, но притоа тие гледаат извесни несакани ситуации кои се појавуваат и кои нив ги одвраќаат од реализација. Во прв ред тие гледаат со несимпатија на напојувањето на светилката директно од мрежниот дистрибутивен напон од 230V. Освен тоа, поврзувањето на лајт-шоуто директно на излезите за звучници на засилувачот на моќност во принцип не е безбедно за засилувачот и треба да се одбегнува. Овие непогодности ги нема лајт-шоу склопот кој ви го презентираме овде бидејќи тој е дизајниран за примена на халогена светилка со низок напон од 12V, а освен тоа тој е дизајниран како компактна целина со вграден кондензаторски микрофон со кој се "лови" звукот кој сакаме да го претвориме во светлина.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1126
Тријак: TIC206 или сл.
 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина