Емитер 2/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Сè има свој век на траење, на тоа не се имуни ни електронските компоненти. Чаре? Замена со друга, стара или нова, сеедно. Битно е да работи. Во случајот на звучните картички, кај компјутерите важат истите правила на игра. Ако "отиде" onboard аудиочипот кај матичните плочи за десктоп, спас се звучните картички PCI/PCI_E, кои од своја страна се менуваат со соодветни, доколку затреба. Но што да се прави кога лаптопот ќе занеми за век и веков? Нема PCI слотови… но затоа чарето се бара во USB интерфејсот!
Некако многу "даркерски" ни тргна овој број во поглед на темите. Windows хаварии, губење податоци… па зошто не и замирање на аудиосекцијата на лаптоповите?☺
Без намера да звучиме мрачно или да кобиме, но крајот на векот на аудиочиповите е една од вообичаените работи кај матичните плочи. Кога такво нешто ќе се случи кај матичните плочи за десктоп, чарето се бара во PCI или PCI_E аудио картичките. Но, со оглед на специфичноста на лаптоповите, аналогно на тоа и нивните матични плочи, оваа опција отпаѓа. Единственото чаре е екстерна аудиокартичка која кон лап-топот се поврзува преку USB интерфејсот.
Такви се двата модела на USB аудиокартички со компатни димензии кои ни ги отстапи ЕМИ МЕДИА (emi.media.mk).
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.