Емитер 2/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Постојат многу видови зависност: од алкохол, дрога, интернет, цигари, слатки, од кафе... Некои од нив се општествено прифатливи, но некои не се. Во минатото зависноста се дефинирала како физичка и психолошка приврзаност кон психоактивни супстанции по чие консумирање привремено се менува хемиската состојба на мозокот. Денеска, психолозите и лекарите гледаат пошироко на оваа појава. Под овој поим ги вбројуваат и зависноста од игри на среќа, храна, секс, компјутер, интернет, работа, телевизија, зависност од шопинг...
Зависноста најчесто е пат кој е избран свесно од страна на зависникот. Единственаšшанса да се излекува е да има цврста волја и силна желба да тргне во спротивна насока.
Ако самата личност не сака да се оттргне од зависноста, никој нема да може да и помогне. Доколку постои желба, постои и начин да се помогне. Има повеќе постапки кај алтернативните методи. За таа цел се применуваат јакнење на желбата, психотерапија, акупунктура, додатоци во исхраната и друго.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.