Емитер 2/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Сигурно честопати во вашето секојдневие ви дошла идеја, при влегување во вашата просторија, автоматски да се вклучи светилката, па да нема потреба да "трошите енергија" за да го вклучувате прекинувачот на ѕидот. Или уште подобро, во таа просторија да има и селективен пристап за влегување: ќе влезе само тој што ја знае шифрата! За таа цел, се потрудив да дизајнирам еден едноставен проект со микроконтролер и PIR-сензор, кој би ја вршел оваа функција.
Нема потреба да се дискутира за влијанието на микроконтролерите во светот на дигиталната електроника, како и нивната примена во речиси сите електронски уреди што секојдневно се користат. Денес постојат многу производители и фамилии на микроконтролери. Помеѓу големите имиња на производители на овие силициумски чипови, значајно место зазеде и компанијата Microchip. "Мозокот" на овој систем е токму микроконтролер од оваа компанија. Одлучив да работам со микроконтролерот PIC16F877A од повеќе причини: ги поседуваат сите потребни карактеристики (дури и повеќе од тоа) за функционирање на системот, едноставни се за користење, компактни и лесно се наоѓаат на домашниот пазар. Спаѓа во групата на 8-битни микроконтролери со Harvard архитектура од средната класа.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.