Емитер 2/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во ова второ продолжение на темата енергетска ефикасност ќе стане збор за неколку конкретни системи, како и за некои практични совети и активности што можат да се преземат во насока за зголемување на енергетската ефикасност. Ќе биде разгледана ефикасноста на различни видови горива и согорувањето како процес, потоа ефикасноста на системи со котли, пумпи, вентилатори и компресори.
Генерално, постојат многу конкретни мерки за зголемување на енергетската ефикасност во домаќинствата, а уште повеќе и во малите, средните и во големите претпријатија од областа на индустријата. Мерките за енергетска ефикасност во индустријата се насочени кон оптимизирање на постојните системи, како што се: моторите, осветлувањето, системите за компримиран воздух, производство и дистрибуција на топла вода и пареа, системите за греење и ладење, системите за снабдување со електрична енергија итн. Заштедата во само еден од овие системи може да биде незначителна, но комбинираната заштеда во повеќе од нив може да биде значајна. Прифатливоста на мерките, од финансиска гледна точка, во принцип, е различна и зависи од повеќе фактори. Некои од мерките нудат релативно краток период на повраток на инвестицијата, а некои пак, се финансиски поинтензивни и со подолг период за враќање на инвестицијата.
Три работи коишто се од исклучителна важност, и секој менаџер во индустријата треба да ги има на ум се следниве:
• штедење енергија и пари;
• зголемување на ефикасноста;
• заштита на околината.
Придобивките од штедењето енергија можат да бидат големи. Доколку во едно претпријатие се преземат мерки за намалување на трошокот на енергија со дејствија како што е набавката на нова поефикасна опрема, придобивките можат да бидат огромни. Новата модерна процесна опрема може да го подобри квалитетот на производот, што пак го прави бизнисот поефикасен и поконкурентен на пазарот. Намалувањето на потрошувачката на енергија го намалува и влијанието врз околината со намалување на емисијата на штетни гасови. Понатаму, се продолжува работниот век на опремата, се намалуваат експлоатациските трошоци и се подобрува режимот за одржување и зголемување на енергетската ефикасност.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.