Емитер 11/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Под Земјината кора постои слој од растопен камен наречен магма, каде што постојано се произведува топлина, претежно од природните радиоактивни материи, како што се ураниумот и калиумот. Постигнатата топлина на длабочина од 10 000 метри под површината на Земјата, содржи 50 000 пати повеќе енергија отколку изворите на нафта и природен гас во светот.
Областите со највисока подземна температура се наоѓаат во близина на активни или геолошки понови вулкани. Голем број на вулкани, односно “врели места” има на Пацификот, во Калифорнија и Орегон, меѓутоа тоа се исто така и активни вулкани. Земјотресите и движењето на магмата ја кршат камената покривка, дозволувајќи £ на подземната вода да циркулира. Водата што излегува на површината може да има повеќе од 200oC и со помош на соодветна технологија да се искористи за производство на електрична енергија.
Според анализата направена во 1999 година, проценет е капацитет од 65 до 138 GW за добивање електрична енергија со употреба на напредна технологија. Во 2006 година биле извршени пресметки за употреба на напредниот геотермален систем, при што со него ќе се генерира повеќе од 100 GWе (гигавати електрична енергија) до 2050 година. Тоа се проценки направени само во САД, при што максималните инвестиции биле проценети на еден милион долари за истражување и развој во рок од 15 години.
Шема на централа на брза пареа
Постојат три типа на електрични централи кои се употребуваат за генерирање на енергија од геотермалната топлина: електрична централа на сува пареа (dry steam plants), електрична централа на брза пареа (flash steam plants) и електрична централа на бинареан циклус (binary cycle plants).
Геотермалната енергија нуди многу предности во однос на традиционалните фосилни горива. Пред сѐ, во однос на емисијата на непосакувани супстанции. Геотермалните електрични централи емитираат одредени количини на јаглероден диоксид и сулфур, но тоа е само 5% од емисијата на централите на фосилно гориво. И овие количества, со систем за контрола на емисијата, може да се вбризгаат назад во земјата.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.