Емитер 7-12/2020.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Живееме во ера на компјутери, телевизори и постојано седење во училници, дома и на работа. Долгото статично седење на обичен стол не е природно за човекот. Всушност, тоа е најлошиот начин за поминување на времето и, трагедијата да биде поголема, токму тоа го правиме најмногу. Фитнес столовите не се справа за фитнес салите, туку направа за секојдневна употреба на друштвени места, работа, училиште, дома и во локали, што на некој начин ќе се користат наместо досегашните столови за седење. Тие овозможуваат со седење да си ја вршите работата, на биро и/или пред компјутер, а притоа да се здобивате со здравствени придобивки. Решен е проблемот како да бидеме функционални на работа или на училиште без страдање од прекумерното седење.
Долгото статично седење на обичен стол не е природно за човекот. Всушност е најлошиот начин на поминување на времето и, трагедијата да биде поголема, токму тоа го правиме најмногу.
Идејата ми се роди додека учев за фитнес инструктор и ја пишував книгата “Вајање на телото”, скрипта за здравје, вита става и убава телесна градба. Тогаш сфатив: час или два тренинг и вежбање во слободното време, не може во целост да го надомести осумчасовното седење на работа. Едно време го направив бирото така и стоев пред компјутерот, но долгото стоење в место исто така е неприродно за човекот и има свои неповолности ако се практикува постојано. Така се изнедрија фитнес столовите. Тие овозможуваат со седење да си ја вршите работата, на биро и/или пред компјутер, а притоа да се здобивате со здравствени придобивки. Решен е проблемот како да бидеме функционални на работа или на училиште без страдање од прекумерното седење.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2020. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.