Рубрика: Информатика
Креирај ја иднината денес, на БЕСТовскиот Футуратон!
Објавено на 05.12.2025 - 10:30

Отсекогаш си имал иновативни идеи, но си немал шанса да ги оствариш?

БЕСТ Скопје ти овозможува уникатно искуство кое ги обединува креативноста, иновацијата и програмирањето – сѐ на едно место!

Футуратон 2025 е дводневен натпревар коj ги предизвикува твоите вештини за решавање проблеми од областите на IT, AI, маркетинг, дизајн и PR.

БЕСТ Скопје во соработка со ItLabs носат нов концепт за класичните натпревари и овозможуваат поголема креативна слобода во егзекуцијата на решението.

Секој тим ќе има можност да ги трансформира своите идеи во вистинска апликација, сервис или уред кој има цел да ја подобри и унапреди технологијата на иднината.

За да учествуваш не треба да имаш претходно предзнаење, сѐ што ти треба е тим од ентузијастични другари и желба за победа, а за секое прашање ќе се погрижат искусните ментори од нашата партнер компанија ItLabs.

Покажи го твојот тимски и натпреварувачки дух на годинешното издание на Футуратон и не ја пропуштај шансата да освоиш ваучер за уред по твој избор.

 

Како да аплицираш?

Сѐ што треба да направиш е да го формираш својот тим и да го кликнеш овој линк.

Апликациите се отворени до 10 декември, но ние те поттикнуваме да се пријавиш уште веднаш!

Маркирајте ги вашите календари на 20 и 21 декември бидејќи најголемиот иновативен натпревар конечно пристигнува меѓу студентите по технологија.

Не ја пропуштај приликата, пријави се на Футуратон и обезбеди си место меѓу најуспешните‼️

Доколку имаш дополнителни прашања обрати се на нашите социјални мрежи: 

Instagram (@bestskopje); Facebook (BEST Skopje); LinkedIn (BEST Skopje).

 

--- промотивна објава ---

Клучни зборови: