Думскролингот (doomscrolling) – дејството на компулсивно “скролање” низ страниците на веб-порталите, по тајмлајнот на некоја од социјалните мрежи или што и да е слично, а сè во потрага по лоши вести – е толку распространета активност што 2020 година се избори свое место во Оксфордскиот речник на англиски зборови. Навиката да се биде во тек со несреќните случувања во околината и светот преку скролање низ екранот од мобилниот телефон особено беше нагласена со пандемиските услови, карантините поради ковид и неможноста да се напушти куќата. Но сега, оваа навика (или опсесија) се префрла на потрагата по која и да е несреќна ситуација од војната во Украина. Иако активноста на вакво скролање е штетна за нашето ментално здравје, сепак, поради некоја причина, се чини дека никако не можеме да се куртулиме од неа.