Рубрика: Математика
Неевклидова геометрија
Автор: Анета Илиевска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ако стандардната Евклидова геометрија не ги задоволува вашите интелектуални потреби од мисловни егзибиции, тогаш нурнете во новите димензии што ги нуди неевклидовата геометрија. Навидум невините аксиоми на Евклид внесоа неочекувано немирни размислувања околу основното устројство на геометријата, најавувајќи неслутен развој во нови, неистражени подрачја на геометријата.

Појавувањето на Неевклидовата геометрија на математичката сцена пред век и половина било придружено со шок и голема недоверба. Постоењето на таквата геометрија сега е лесно да се објасни со неколку реченици и притоа лесно да се разбере. Секоја математичка теорија, како на пример аритметиката, геометријата, алгебрата, топологијата, итн. може да биде претставена како една аксиоматска шема, каде што заклучоците (последиците) систематски и логички се изведуваат од аксиомите. Ваквата логичко - дедуктивна шема може да се спореди со игра, а аксиомите во таа шема со правила на играта. Секој кој игра игри знае дека може да се измислат варијанти на секоја игра, што ќе резултира со различни последици. Неевклидовата геометрија е геометрија која е “играна” со аксиоми кои што се различни од оние во старата, нам добро позната Евклидова геометрија.

Секако, ова едноставно објаснение го прекршува законот на историскиот ред. Тоа се базира врз математичката филозофија која се појави точно како резултат на откритието на таквите геометрии. За поцелосно сфаќање на оваа материја потребно е да видиме што се случувало хронолошки.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.