Емитер 7-8/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во овој напис ќе се обидеме да ви ја претставиме историјата на мерење на времето. Притоа нема да бараме одговор на прашањето што, всушност, е времето, бидејќи одговорот на ова прашање е многу комплексен и, впрочем, во неколку наврати веќе сме пишувале на оваа тема при разгледувањето на теоријата на релативитетот. Наместо ова, тука ќе го забошотиме одговорот на ова прашање и наивно ќе кажеме дека времето е она што го мери часовникот.
А часовникот нѝ овозможува да ставиме бројка на траењето на некој настан или да дадеме процена за тоа пред колку време тој се случил. Притоа, прецизноста на мерењето зависи од тоа колку е мал најкусиот основен интервал којшто може да го пресмета часовникот, а повторливоста на мерењето зависи од можноста за повторување на константноста на овие основни мерни интервали. Тестирањето на повторливоста на мерењето од друга страна бара пристап до друг, уште поточен часовник. И така, постојано сме притиснати да ја усовршуваме прецизноста во мерењето на времето.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.