Рубрика: Електроника
400W Аудио МОСФЕТ засилувач
Автор: Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој проект целосно е опишан и изработен 400W аудиозасилувач, кој претставува интересна и едноставна конструкција во која е направена комбинација на интегрирано аудиоколо - како побуда, со моќни МОСФЕТ транзистори на неговиот излез. За да биде сe појасно како засилувачот функционира и како се изработува, проследете го овој проект.

Поголем дел на читатели (убеден сум) се заинтересирани на страниците од ЕМИТЕР да проследат, а во краен случај и да изработат, моќен аудиозасилувач кој ќе се одликува со следните карактеристики: - да испорачува голема моќност со соодветен квалитет на неговиот излез (од 200 до 400W, па и повеќе); - да е задоволително сигурен (надежен); - да е едноставен и релтивно лесен за изработка; - да се изработува со компоненти кои лесно можат да се најдат на нашиот домашен пазар; - материјално да е прифатлив, т.е. да е пристапен за сечиј џеб; - да ги задоволува барањата однос цена/квалитет и др. Тргнувајќи од овие претходно претпоставени барања (на читатели кои немаат доволна храброст понекогаш да се јават во редакцијата на ЕМИТЕР - само што ја им ја земав од уста нивната идеја?!) дојдов до реализација на моќен аудиозасилувач изработен со интегрираниот DMOS аудиозасилувач TDA7293 (како побуден степен) и моќните излезни МОСФЕТ транзистори IRFP240 и IRFP9240.

Технички карактеристики:

Напон за напојување: ±30V…±50Vdc

Синусна излезна моќност: 270W/4Ω и 170W/8Ω

Врвна излезна моќност: 400W/4Ω DC-offset: <±20mV

Мирна струја: 40±5mA

Влезна отпорност: 22kΩ

Влезна чувствителност: 1V

Фреквенциски опсег: 10Hz до 50kHz (±1dB)

Хармониски изобличувања: <0,2% (30W,1kHz)

Однос сигнал/шум: >100dB

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК419
ИК TDA7293; МОСФЕТ
транзистори IRF240 и IRF9240;
трансформатор 230V/ 2 x 35V/ 300VA;
грецов мост 20A/ 200V

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.