Омнибус

Ден на ВВ и ПВО на АРМ;
Македонија останува меѓу најдобрите во светот на НЅТ;
Македонски бизнис алатки од Мајкрософт;
Сончеви дамки;
Потврдена првата директна фотографија на екстрасоларна планета;
Светски куп во ракетно моделарство;
Презентација од областа на компјутерските мрежи;
Две јадра кај М83;
Skycar M400;
НАСА подготвува нова мисија кон Јупитер;
Дали Microsoft го присвојува PDF форматот?


Автомобилска техника

Хидродинамичката спојка е типичен пример на вклучно-исклучна и истовремено сигурносна спојка при што пренесувањето на моментот не е на класичен начин преку силата на триење и благодарение на тоа нема потрошни елементи. Или, со други зборови кажано: пренесувањето на силината не се врши преку директен допир на деловите туку посредно, преку кинетичката енергија на маслото со што е постигнат практично неограничен век на траење на спојката.


Аеронаутика

Идејата за хеликоптерот ја даде генијалниот Леонардо да Винчи околу 1500-та година, но првиот употреблив хеликоптер го конструира Игор Сикорски во 1940 година. Самото задоцнување во однос на појавувањето на првиот авион, зборува за неговата сложеност како машина која била условена од нивото на технологијата на материјалите што биле неопходни за изработка на виталните делови. Во овој напис ќе ги разгледаме најпознатите современи борбени хеликоптери...


Аеронаутика

Љубовта за летање е исконска и од дамнешни времиња се мечтаело да се има сопствени крилја и да се лета непречено и слободно. Таа желба ја остваруваа љубителите на летањето до пред некоја година во рамките на воздухопловните училишта. Но тука наидуваа на непремостиви пречки и ограничувања кои ги наметнуваа строгите правила за користење на воздухопловите во рамките на тие средини.


Астрономија и астронаутика

Како што веќе беше најавено во написот "Астрономски настани во 2005 година" (во јануарскиот број на ЕМИТЕР), на 23 јули, точно во 18:52 часот, Сатурн ќе се приближи на само 1 аглова минута од дискот на Сонцето, но сепак недоволно за "средба од трет вид". Заради сјајот на Сонцето, овој настан ќе биде видлив само со посебни инструменти, наречени коронографи (кои се наменети за набљудување на короната, задолжени да ја затскријат заслепувачката фотосфера) или со употребување на посебни филтри.


Астрономија и астронаутика

За разлика од сликата на вселената во оптичкото подрачје, во која доминира енергијата и светлината продуцирана од нуклеарната фузија на ѕвездите, во X-зрачното подрачје доминираат енергетски извори продуцирани од ефектите на гравитацијата во нејзината екстремна форма. Таа нова слика на вселената, до пред некое време, никој не ја очекувал...


Астрономија и астронаутика

Погледнете го ноќното небо над вас. што забележувате? Ако живеете во некое помало место или на планина набљудувањето на небото би ви претставувало вистинско уживање. Ако пак живеете во Скопје, ќе мора да се задоволите со најсјајните ѕвезди, Месечината и поблиските планети. Јупитер е една од нив, воедно и најсјајниот објект на ноќното небо деновиве, по Месечината се разбира. Движете го погледот по небесниот екватор од источниот кон западниот хоризонт и ќе го забележите.


Астрономија и астронаутика

Нашето соседство изобилува со чудни и необични објекти, кои астрономите често не можат да ги класифицираат. Напредокот во технологијата, преку сé помоќните телескопи, овозможува откривање на сé повеќе вакви објекти, па мистериите за нашето соседство се сé поголеми. Како и да е, еден ден, заедно со Млечниот Пат и Андромеда, сите ќе бидат "сплотени" во еден објект...


Аудио и видеотехника

Доколку планирате да го поминете летото слушајќи ги омилените музички хитови на вашиот mp3-плеер, тогаш можеби сакате да дознаете нешто повеќе за магичниот MP3-формат. Дознајте како функционира, кои се неговите предности, а кои негови негативности. Бидете различен од другите и научете нешто што малкумина го знаат!..


Аудио и видеотехника

Повеќе од две децении наназад, фирмата Genelec поставува нови критериуми за квалитет на звучнички кутии за специфичната студиска контрола (мониторинг) на снимениот квалитет на звукот, како и за пошироки комерцијални потреби. Новостите што оваа фирма ги внесе на полето на звучниците се технологијата Directivity Control Waveguide (DCW) и Laminar Spiral Encloser (LSE).


Аудио и видеотехника

Љубовта кон музиката и музичката дарба многу често одат по различни патеки. Понекогаш, кога ќе надвладее љубовта, тие две патеки се соединуваат во една. Кога кон тоа ќе се додаде семејната атмосфера, постојано исполнета со музика, и домашното студио во кое најстариот Димитров го помина најзрелиот дел од своето музичко творештво, јасни се предусловите во кои израснале и се оформиле постариот Оливер и помладиот Дарко Димитров. Тие практично и израснале во сопствено студио...


Аудио и видеотехника

Во овој текст се обработени конекторите што се користат во видеоиндустријата. Поделени се условно на два дела: аналогни и дигитални. Под "аналогни" се сметаат оние што претежно, досега, се користеле за пренос на аналогни видеосодржини, додека во групата на "дигитални" конектори ги сместивме новите типови на конектори кои наменски се конструирани за пренос на дигитални видео и мултимедијални содржини. Поради големиот број на вакви конектори текстот е поделен на два дела.


Биологија

Малите тајни на природата, кои чуваат во себе и по некоја скриена полезност за човековата егзистенција, често пати се среќаваат кај некои, не така привлечни суштества од нашата непосредна околина. Минијатурната жабја убавица поседува токму таква, карактеристична способност, чија суштина може да ја унапреди соодветната медицинска постапка. Тоа е и примарен мотив за нејзино појавување на страниците на ЕМИТЕР кои следуваат.


Електроника

ДИП-метарот е инструмент за мерење на резонантната фреквенција на осцилаторни кола. ДИП-метарот во литературата се среќава под имињата ДИП-осцилатор, грид дип метар, грид дип осцилатор, гејт дип метар, фет дип метар и други имиња. Конструкцијата и изработката на ДИП-метарот е многу едноставна и евтина и затоа го препорачувам на сите оние кои аматерски или професионално се занимаваат со изработка и поправка на радиоприемници и предаватели...


Електроника

Еден од начините за регулација на моќност кај потрошувачите кои работат на мрежен напон е регулацијата со '"отсекување"' на синусоидата на мрежниот напон. Во овој текст ќе бидат изнесени: принцип на регулација со отсекување, неколку решенија и една конкретна реализација на коло со тријак со кое ќе можете да ја регулирате моќноста на некој греач, светилка или колекторски AC мотор...


Електроника

Со доаѓањето на летото, доаѓаат и летните одмори-распусти, а со тоа зачестуваат летните забави-журки. Добра музика, добра аудиоопрема, а пред сé добро расположение е предуслов за добра "журка". Почна забавата, атмосферата е супер и одеднаш крај: "чекајте да сменам ново CD, бидејќи ова заврши." Одеднаш НЕЗАДОВОЛСТВО ...!?. За да не ви се случува сето ова и Вам, во аудиоопремата треба да вметнете и една повеќеканална стереомиксета.


Електроника

Во овој проект е претставен едноставен тајмер кој може да се конфигурира да работи во неколку режими на работа, што ги задоволуваат најголемиот број од барањата кои може да се постават пред ваков уред. Тајмерот е изработен со употреба на интегралното коло CD4541, кое во себе ги содржи најголемиот дел од потребните елементи за изработка на овој уред...


Електроника

Еве приказ на едно економично коло за вклучување и исклучување на LED по случен избор. Уредот има минимален број потребни делови и троши само 1mA па може да се напојува и со батерија од 9V. Од ИК 4093 се користаат две NAND порти , па така едно интегрирано коло, кое во себе содржи 4 NAND порти, е доволно за одделна контрола на две LED диоди.


Електроника

Недостигот на мрежно напојување најчесто се чувствува при кампување, поправка на автомобилот на пусти места, при пикник или забава во природа. Во некои случаи, мрежното напојување може единствено да биде овозможено до оддалеченото место преку многу долг кабел, начин кој понекогаш е опасен или едноставно невозможен. Како и да е, планирано или неочекувано, добро е да се има инвертор на напојување способен за трансформација на напонот од 12 V од автомобилскиот акумулатор во наизменичен 230 V.


Електроника

Веројатно досега сте имале потреба да употребите операциски засилувач (ОЗ) изваден од некој постар уред, но притоа не сте биле во можност да процените дали е исправен. Бидејќи проверката со обичен унимер е невозможна, во продолжение на овој текст ќе ви прикажеме еден едноставен уред, со кој на брз и сигурен начин ќе можете да направите проверка на операциските засилувачи...


Електротехника

Мало невнимание и електричен удар со трагични последици! Дали можеше да се избегне? Како делува електричната струја на човечкото тело? Ако тоа го дознаете, може да бидете повнимателни со електричните апарати или со електричната мрежа. Затоа прочитајте го овој напис, но и следните продолженија...


Енергетика

За биомасата може да се каже дека е најстара форма на обновлива енергија, бидејќи човекот ја користи преку дрвото уште од самото откривање на огнот. Во биомаса може да се вбројат сите органски отпадоци што ги произведува цивилизацијата од индустријата, земјоделието и секојдневниот живот. Биогасот, кој се состои од 60% метан и 40% јаглерод диоксид, се добива преку посебен процес за преработка на органските отпадоци наречен анаеробно разградување.


Информатика

Еден од основачите на ИТ-гигантот Интел (Intel), Гордон Мур (Gordon Moore), при една јавна трибина има изјавено дека работниот такт на процесорот се дуплира приближно на секои 18 месеци. Но дали тоа значи дека и вие треба редовно да ги менувате "домашните миленичиња" или во најмала рака да вложувате средства во нивна надградба, со цел да се добијат подобри перформанси? Во секој случај, добра практика, но не и задолжителна.


Информатика

Знаете ли како компјутерџија поправа автомобил? Излегува од автомобилот и повторно влегува. И види чудо. Автомобилот сé уште не работи. Но, кај компјутерот оваа приказна може да помине. Ако заглави компјутерот и не е можен ниеден друг начин да продолжи со работа, едноставно исклучете го и повторно вклучете го. Функционира. Одлично. Молам? Повторно не работи како што треба. Јасно е. Имате поголеми проблеми со вашиот компјутер кој можеби и пред тоа покажувал чудни знаци на растројство.


Информатика

Денес на пазарот за електронска опрема можат да се најдат повеќе видови на преносни медиуми за чување на податоци. Од веќе застарените касети, компакт и ДВД-дискови, па сé до засега најновите интегрирани мемориски медиуми, или народски кажано мемориски картички.


Информатика

Без сомнение HP претставува синоним за стабилност, сигурност и доверливост. Повторно овој информатички гигант ни ги носи новостите во едно прекрасно бизнис но и персонално десктоп корисничко пакување. Сите тие синоними кои го одликуваат HP, овојпат преточени во новите модели dc7600 и xw4300, поседуваат неверојатни но и возбудувачки карактеристики. Па препорачувам да ги проследиме во продолжение на текстот...


Информатика

Иако многумина предвидуваат стагнирање на развитокот на џебните компјутери, објавувањето на Windows Mobile 5.0 посочува на нешто спротивно и јасно дава до знаење дека оваа индустрија има силна поддршка од еден од највлијателните ИТ-гиганти.


Информатика

Сакате да си направите свое аудио CD, имате податоци кои моментално не ги користите а просторот што тие го зафаќаат ви е потребен, имате компјутер кој има CD\DVD снимач?!! Нема потреба веќе да се нервирате, ЕМИТЕР со задоволство ви го претставува Nero StartSmart...


Информатика

Постои ли вештачка "сива маса"? Постои ли вештачка свест? Ајде да бидам малку попрецизен, може ли да постои машина која може да мисли, одликувајќи се со интелигенција слична на човечката? Ова се можеби прашањата кои длабоко го мачат човештвото, а многубројната научна популација сé уште се обидува да ги разреши мистериите, а и понатаму ќе продолжи. Впрочем, науката деноноќно открива нови научни простори.


Телекомуникации

И покрај тоа што информатичката технологија, како и техниката воопшто, се развива со голема брзина, сé уште се нема појавено инженер кој ќе понуди решение што дава целосен одговор на прашањата поврзани со влезно/излезниот тек на податоци кај компјутерските системи кои се користат при контрола на продажните и производствените процеси.


Фототехника

Објектив што фокусира и зумира, а нема подвижни механички делови! Ова револуционерно откритие ќе биде употребено во ултракомпактните дигитални фотоапарати, но уште повеќе, во милиони и милиони мобилни телефони со вграден дигитален фотоапарат/камера. Новиот зум-објектив ќе биде многу поевтин од класичниот, на општа радост на купувачите. А како нема да биде евтин кога е направен од обична вода! Вода?! Да, H2O - чиста, изворска, негазирана! За зимска употреба, сепак, е неопходен и антифриз.


Макетарство и моделарство

После макотрпната изработка на радиоуправуван модел, едрилица и вградување на електронските склопови, следува најинтересниот дел, но и највозбудливиот, а тоа е летање со РУ едрилица. Овој напис е наменет токму за таа цел....


Метеорологија

Последната декада се одликува со посебен напредок во системите за детекција, компјутерската технологија и научните подобрени познавања на физиката, врз основа на која лежат различни типови на метеоролошки феномени.
Временските прогнози и известувања, особено за силните бури и други екстремни временски услови, може да се сметаат за едни од најважните придобивки на метеорологијата...


Математика

Човекот отсекогаш чувствувал и имал потреба да го мери времето во помали или поголеми интервали. Приказната за календарите е долга и интересна. Во написот што следи е даден кус преглед на оваа историја со издвојување на позначајните моменти од неа. Како освежување ЕМИТЕР ви предлага и еден вид вечен календар со помош на кој ќе можете за кој било датум во некоја година да го одредите денот во неделата како и месечевата мена. Па, забавувајте се...


Архитектура и градежништво

Денес, кога изборот на материјали за уредување на ентериери е огромен и кога многумина се поклоници на паролата "направи сам", сакаме да ви посочиме уште еден интересен материјал за вештачките камења (кои ја даваат истата убавина и топлина на вашиот дом како и природните) и да ви помогнеме во нивниот избор и примена...


Воена техника

"Одеднаш на небото се појави огромен блесок, најсветлото нешто што некогаш сум го видел или кој било дотогаш го видел... Изгледаше како да ќе трае засекогаш... Конечно заврши, намалувајќи се, и ние погледнавме на местото каде што експлодираше бомбата; таму имаше огромна огнена топка, која растеше и растеше и растејќи се тркалаше... Нешто ново се роди во тој момент; нов начин за контролирање; ново сфаќање на човекот, за човекот и за природата."...


Уводник

Со овој број на ЕМИТЕР прославуваме 10 години од излегувањето на првиот број.
Убеден сум дека 10-годишното излегување на ЕМИТЕР е вистински празник за духот,
не само за нас во Редакцијата, туку и за вас драги читатели!


Автомобилска техника

"Феноменот Формула 1" продолжува со периодот кој се обележува како "златното доба на Формула 1", кога на патеките ширум светот настапувале најдобрите и најтрофејните возачи во историјата на Формула 1. Главните протагонисти во Формула 1 од 1980 година до денеска се неколку великани чии имиња секогаш се изговараат со особена почит, а нивните успеси најмногу се поврзуваат за трите супериорни тимови како предводници во технолошкиот напредок на Формула 1 - Вилијамс, Мекларен и Ферари...


Писма
Миксета за гитари
Транс 8 и соодветен засилувач
Враќање на податоците по low level форматирање