Кога станува збор за примена на соодветна топлинска изолација на фасадните ѕидови во зградите, не смее да се заборави фактот дека, освен барањата за долготрајност и погодност во експлоатацијата, фасадните конструкции треба да ги задоволат и барањата за механичка и сеизмичка отпорност, безбедност при употреба, заштита од бучава и на последно место, но не помалку важно, заштита од пожар. Последниот факт, заштита од пожар, во спрега со топлинската изолација на фасадните ѕидови со лесни изолациски материјали (кои се многу чувствителни на високи температури), води до потреба од обострано задоволително компромисно решение.