Рубрика: Фототехника
Canon EOS R – само за вас блогери и инфлуенсери
Автор: Јане Стефанов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-3/2019.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Гломазните фотоапарати со оледало (SLR – Sinle Lens Reflex) се норма кај професионалните фотоапарати, а и кај оние што сакаат да личат на нив. Но, напредокот на технологијата овозможи и апаратите без огледало (Mirrorless) да достигнат завидни резултати, па така на пазарот е сè поголема понудата на квалитетни Mirrorless фотоапарати. Уште и кога зад таков апарат стои некој голем бренд, можете да бидете сигурни во она што го добивате за своите пари.

Кога за првпат ќе го земеш фото­апаратот в рака, прво што забе­ле­жуваш е дека е помал, што се должи на Mirrorless R системот, односно на отсуството на огледало кое го зголемува куќиштето како на претходните DSLR модели. Можеби нема огледало, но има 30,3 мегапиксели Full Frame CMOS сен­зор, што во превод значи слика од 36,0 x 24,0 mm или најдобриот што пазарот може да го понуди, вообичаено вгра­дуван во поскапи фотоапарати.

По кратко читање на специфи­ка­циите и споредбата со ривалите на па­зар­от на на мирорлес камери, изгледаше дека нема ништо особено што би те натерало да ја купиш токму оваа ка­мера. Споредбено, сите се исти. Но, откако ја расчепкав и си поиграв со камерата, заклучив дека суровите број­ки не секогаш ја даваат вистинската слика за квалитетот на камерата.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-3/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.