Емитер 1-3/2019.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Шмитов тригер претставува коло со многукратна примена во дигиталната електроника, со функција на претворање аналогни во дигитални сигнали на влезовите на голем број дигитални склопови. Поради тоа, колото заслужува внимание, како од аспект на неговата потреба, така и во однос на неговото функционирање.
За коректно функционирање на голем број CMOS и TTL интегрирани кола, потребно е на влезот да се приклучува импулс со голема брзина на воспоставување на предниот раб. Импулси со долго време на воспоставување на предниот раб можат да предизвикаат колото да повлекува голема струја, осцилирање, па и прегорување на колото. Такви импулси се создаваат, на пример, при вклучување на напојувањето или со рачен прекинувач или со контакт на релеј.
Решението, според неговиот автор Ото Шмит, по кого го добива името, е на влезот да се примени компаратор со хистерезис, добиен со примена на позитивна повратна спрега на неинвертирачкиот влез од компараторот. Хистерезисот се добива така што прагот на активирањето за растечкиот напон се разликува од прагот на паѓачкиот напон на влезот. Со тоа се добива активно коло со коешто се претвора аналогниот сигнал на влезот во дигитален сигнал, наречено Шмитов тригер или Шмит тригер.
Рубриката "Школа за електроника" е наменета за електроничарите-почетници, но многу корисни работи во неа ќе најдат и оние понапредните. Затоа слободно, преку писмо или e-mail, поставете ги прашањата што ве мачат и предложете ги темите од електрониката за кои сакате да читате на овие страници.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-3/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.