Рубрика: Електроника
Школа за електроника: Сензори за движење (2)
Автор: Кирил Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во претходниот број зборувавме за оптоелектронските сензори за движење и се запознавме со нивната конструкција. Сега ќе зборуваме за пасивните инфра-црвени сензори како најраширена група сензори за движење.

Инфрацрвените (IR) сензори се оптички сензори кои го детектираат делот од спекатарот на електромагнетно зрачење со бранова должина во опсегот помеѓу 4 и 20 µm или таканаречената инфрацрвена светлина. Оваа светлина ја емитуваат загреаните тела и доминантната бранова должина на зрачењето кое потекнува од овие тела зависи од нивната температура. Без да навлегуваме во теории ќе разгледаме само еден пример. Нека едно парче железо постепено го загреваме во затемнета просторија. Се до температура од околу 600°C не можеме да видиме дека парчето свети. Дури над оваа температура забележуваме дека тоа свети со темноцрвена боја. Ако продолжиме со загревање на парчето,тоа станува портокалово, па жолто се до бело-жолто на температура од околу 1000°C. За разлика од човечкото око, IR сензорите реагираат на тела кои зрачат со многу пониски темпертури вклучително и човековото тело и телата на животните. IR сензорите реагираат на топлотниот флукс - енергија што потекнува од телото на објектиот кој доаѓа на нивната површина.
Ако телото на човекот го разгледуваме како тело што зрачи тогаш човековта кожа е површината која зрачи. Интересно е што таа има доста голема способност на зрачење од над 90%. Овој факт оди во прилог на ефикасната употребата на пасивните IR сензори (PIR сензори) за детекција на луѓе.

Во внатрешноста на PIR сензор

PIR сензор како елемент.

PIR сензор со PVDF филм.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.