Рубрика: Електроника
Изработка на торусни калеми и трансформатори
Автор: Горан Трајановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-3/2019.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Еден од најголемите проблеми со којшто се соочуваат радиоаматерите при самостојна градба на уреди од областа на високите фреквенции е изработката на индуктивитети. Покрај општите напатствија за изработка на индуктивитетите, во овој напис се објаснува и изработката на торусните калеми и трансформатори употребени за градба на примопредавателот Таурус 20, кој е објавен во претходните два броја на Емитер.

Мошне често во објавените статии информацијата за нивна изработка не е доволна за градител со просечно ис­куство и тоа претставува проблем. Во минатите два броја на Емитер е при­кажана градба на релативно едноставен, но квалитетен примопредавател на­ре­чен Таурус 20 (за 14 MHz или 20-метар­ското браново подрачје). Во неговиот приемник и предавател се применети индуктивитети коишто се изра­ботуваат од лакирана бакарна жица намотана на торусно тело со назначена големина и материјал. Овој напис има за цел да ја олесни изработката на овие индук­ти­витети и да даде практични совети за нивна монтажа на печатената плочка. Истовремено, написот има и поопшта намена – преку посочените примери да се дадат и да се усвојат основните соз­нанија, правила и вештини за градба и на други ВФ калеми и трансформатори.

Несиметрично мотан трансформатор

Несиметрично мотан трансформатор

Изглед на намотки мотани со жица 0,4 mm

Изглед на намотки мотани со жица 0,4 mm

Изглед на намотки мотани со жица 0,3 mm

Изглед на намотки мотани со жица 0,3 mm

Изглед на намотката L7 од приемниот дел на Таурус 20

Изглед на намотката L7 од приемниот дел на Таурус 20

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-3/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.