Рубрика: Аеронаутика
Школска едрилица Чавка
Автори: Перица Поповски, Гоце Поповски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-3/2019.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Особено ми е драго кога пишувам за воздухопловни едрилици кои сум ги видел со свои очи, особено што мојот татко го направил првиот лет (лаширал) токму со “Чавка”, под раководство на наставникот Велимир Мирко Тодоровски. Генерации пилоти едриличари поминале, меѓу кои и мојата генерација, 1966 година. Па токму на таа едрилица јас и моите колеги ги учевме основните карактеристики, конструкција и градба на едрилиците, но и ни служеше како школска клупа за понатамошното наше оспособување со двоседната едрилица Летов 22.

Со цел за омасовување на воздухо­плов­ството, во втората половина на триесетите години се појавила потреба за развој на едриличарството во пора­неш­ната Југославија. Проблем била обу­ката на пилоти едриличари, но и недос­та­токот на едрилици на кои би се обу­чувале. Согледувајќи го тој проблем, познатиот конструктор Иво Шоштариќ во 1939 година ја конструирал едрили­цата под име “Чавка”, која ги задо­во­лила потребите да полетува со помош на автовитло и со помош на авион ремор­кер. До почетокот на II Светска војна, 1941 година, биле изработени десет ед­ри­лици во фабриката за авиони Утва – Панчево. Подоцна, во воздухопловниот центар Вршац биле изработени 30 едри­лици од вкупно 200 произведени во пове­ќе ремонтни центри и аероклубови во Југославија. Според истражувањата што ги направив, дел од таа квота од 200 едрилици биле изработени во фабриката 20 Мај Скопје, како и ремонтите, офор­мени во рамките на аероклубовите низ Македонија.

Едрилица Чавка во Музејот на воздухопловството во Белград

Едрилица Чавка во Музејот на воздухопловството во Белград

Чавка пред старт 1948 година

Чавка пред старт 1948 година

Кабина на Чавка – висинометар, вариометар и брзинометар

Кабина на Чавка – висинометар, вариометар и брзинометар

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-3/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.