Емитер 207 - 12/2024.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во светот, особено помеѓу двете светски војни, нагло порасна интересот за производство на воздухопловни едрилици и обука на нови пилоти едриличари. Германија во тој период направи максимални усилби да произведе што е можно подобри едрилици со намена за основна обука, вежбовни активности и постигнување на врвни резултати. Во тој период беше создадена едрилицата Грунао Беби која стана легенда уште од нејзиниот прв лет. Јас ја имав таа привилегија со моите другари од групата да имам вежбовни активности на земја (ground school) пред почетокот на основна едриличарска обука и со особено внимание го пишувам овој напис.
Воздухопловната едрилица Грунао Беби (гер. Grunau Baby) е вежбовна едрилица изработена од мешовит материјал – дрво, платно и поедини метални делови. Проектирана е во 1931 година. Се произведувала во преку 20 земји, а до 1960-тите години направена е во најголем број примероци, по проценка биле изработени некаде од 10000 до 15000. Но, од 1960 па до денес тој број е зголемен по повеќе основи, реставрирани и новоизработени. Па точната бројка на воздухоплови од овој тип неможе да се потврди, со оглед на тоа што во разни земји и работилници е изработувана, односно и копирана под разни имиња.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 207 - 12/2024. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.