Рубрика: Астрономија и астронаутика
Нов метод за утврдување на стапката на експанзија на универзумот
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-3/2019.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ширењето на нашата вселена е одамна познат факт - уште во 1929 година Едвин Хабл открил дека галаксиите “бегаат” од нашата галаксија Млечниот пат, но и меѓусебно една од друга. На научниците им е потребно да ја најдат брзината на тоа оддалечување, како и оддалеченоста до тие галаксии. Далечината до галаксиите досега  се мереше со  еталонски светлосни блесоци кои настануваат при експлозии на точно одреден вид на супер-нови ѕвезди во галаксијата чија далечина сакаме да ја измериме. Но, научниците не се задоволни со апсолутната точност на тие мерења и бараат нов метод со кој ќе добијат уште попрецизни бројки. Најновите истражувања неочекувано отворија можност за еден потполно нов, многу попрецизен метод за мерење на оддалеченоста до галаксиите.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-3/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.