Рубрика: Електроника
Контролер за пумпа за вода
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-3/2019.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во случај кога снабдувањето со вода не може да достигне до сите потрошувачи на класичен начин, поради преголема висинска разлика, решението за тие потрошувачи е водата да се пумпа и да се складира во некој резервоар лоциран на соодветна височина, од каде што водата може потоа да се дистрибуира на вообичаениот начин, под дејство на силата на гравитацијата. Јасно е дека нивото на водата во резервоарот треба постојано да се следи и по потреба, резервоарот да се дополнува со повремено вклучување и исклучување на пумпата за вода. Овој проблем целосно го решава електронскиот склоп којшто ви го презентираме во овој напис.

Во овој напис ќе ви опишеме еден електронски склоп којшто автоматски го решава тој проблем. Склопот го одре­дува нивото на водата во резервоарот преку употреба на 3 електроди пос­таве­ни на соодветна локација во резер­во­арот и, според тоа дали електродите се потопени во водата или не, што зависи од нивото на водата, склопот ја вклучува и ја исклучува пумпата, одржувајќи го нивото на водата на некоја планирана висина.

Секако дека постојат и други начини за одредување на нивото на водата, на пример, со употреба на пливачка плов­ка, но начинот на одредување преку електроди, употребен кај склопот којшто ви го презентираме, е далеку по­е­фи­касен.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППКУНИ2

ИК: CD4011N;

MOSFET: VN10KN (BS170)

 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-3/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.