Емитер 2/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во претходниот број на Емитер е даден вовед во програмерскиот модел на овие микроконтролери со преглед на тоа како ARM микропроцесорското јадро се поврзува со дополнителни периферни компоненти. Во овој број ќе продолжиме со објаснување на моделот, како и со подетално објаснување на инструкцискиот сет што го поддржуваат овие микроконтролери.
Како што е накусо споменато во претходните поглавја, ARM-микроконтролерите може да извршуваат наредби од ARM и THUMB инструкцискиот сет. Во ова поглавје накусо ќе биде даден преглед на ARM-инструкциите кои се најчесто користени при изработка на програма.
Во зависност од моделот на микропроцесорското јадро, постојат поголем или помал број инструкции што се поддржани. Добра страна е што новите инструкциски сетови ги поддржуваат старите команди и имаат додадено некои нови наредби.
Генерално, наредбите се делат во неколку групи инструкции:
- за процесирање податоци
- за гранење
- Load/store инструкции
- за манипулирање со регистрите за статус на микроконтролерот
- за пристап кон копроцесорот.
Во продолжение следи детален опис на сите наредби.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.