Рубрика: Аудио и видеотехника
Avantgarde Acoustic во Македонија!
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-3/2019.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во домашните продавници за hi-fi уреди вистинска реткост е да се најдат репрезен­тативни примероци од high-end височините, најмногу заради економското ниво на кое се наоѓа целата држава. Само некои ретки поединци можат да си дозволат да уживаат во најдобрите хај-фај уреди на денеш­ни­цата, па така најголемиот дел од аудио­филите остануваат ускратени од задо­волс­твото да ги видат и чујат тие објекти на своите меч­таења, макар и во продавница. За среќа, домашната фирма Алфа Аудио нас­коро ќе ги изложи звучниците Avantgarde Acoustic пред македонската јавност!

Навистина голема вест е што германската фирма Avantgarde Acoustic, позната по своите големи звучници од типот на хорна, ќе биде присутна во Македонија, преку ексклу­зивниот домашен застапник Алфа Аудио. Avantgarde Acoustic е присутна на пазарот од 1991 година и веднаш предизвика вистинска сензација во светот со своите екстравагантно дизајнирани звучници со впечатливо големи среднотонски хорни.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-3/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.