Емитер 1-3/2019.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Кога станува збор за примена на соодветна топлинска изолација на фасадните ѕидови во зградите, не смее да се заборави фактот дека, освен барањата за долготрајност и погодност во експлоатацијата, фасадните конструкции треба да ги задоволат и барањата за механичка и сеизмичка отпорност, безбедност при употреба, заштита од бучава и на последно место, но не помалку важно, заштита од пожар. Последниот факт, заштита од пожар, во спрега со топлинската изолација на фасадните ѕидови со лесни изолациски материјали (кои се многу чувствителни на високи температури), води до потреба од обострано задоволително компромисно решение.
Во рамките на Европската Унија, формирани се европски организации задолжени за квалитетно регулирање на оваа материја (ЕАЕ - European Association for External Thermal Insulation Composite Systems – ETICS и EOTA - European Organisation for Technical Approvals), чии изданија “Европско упатство за примена на КСиНТИ” (European Guideline for the Application of ETICS) и “ETAG 004” (“Упатство за европско техничко одобрение на КСиНТИ” – Guideline for European Technical Approval of ETICS), меѓу другото, од противпожарен аспект, ги пропишуваат и правилата и технологијата при изведба на системите коишто во својот состав имаат горлив материјал.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-3/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.