Електроника

Стационарните електронски уреди речиси редовно се напојуваат, односно се приклучуваат на градската мрежа. Исклучок се прави кај посебните склопови кои во себе содржат тиристори или тријаци, кои директно се напојуваат од градската мрежа, т.е. на напон од 230V, а останатите електронски уреди бараат (изискуваат) еднонасочно напојување.


Еурека

Дали некогаш сте посакале стерео HI-FI засилувач кој можете во секој момент да го претворите во стерео PA засилувач, да приклучите на него преку 24 звучнички кутии и да озвучите кој било простор? Решението е пред вас: нашиот МОСФЕТ засилувач има трајна излезна моќност од преку 1000 вати, може да работи и на оптоварување помало од 1 ом (12 паралелно поврзани звучници од 8 оми), има врвен квалитет, а неговите димензии се само 10х10х10цм !!!


На граница на науката

Дали постојат вонземни космонаути кои со "летачки чинии" ја посетувале и сé уште ја посетуваат нашата планета? Дали многубројните сведоштва за Неидентификувани Летачки Објекти (НЛО, UFO) се доволен доказ? За расветлување на мистеријата наречена НЛО во 12 продолженија ќе се погрижат најпознатиот македонски уфолог Стојмир Симјаноски, кој ја застапува тезата за постоење НЛО, и "дежурниот скептик" Владимир Филевски, кој апсолутно го негира постоењето на НЛО.


Информатика

Иако капацитетот на модерните тврди дискови денес достигнува и до фантастични 1 TB, сосема е сигурно, со оглед на галопирачкиот развој на информатичката технологија, дека тој и понатаму ќе се зголемува. Но, јасно е дека вака големите тврди дискови мора да се поделат на партиции, со што ќе се зголеми нивната флексибилност, многу ќе се олесни средувањето и организирањето на разни типови податоци, како и нивна контрола или правењето на сигурносни копии.


Телекомуникации

Она што во последните неколку години го донесе развојот на индустријата за мобилни уреди и тенденцијата во џебните миленичиња да се интегрираат што повеќе функции, е навистина неверојатно. Ако се земат предвид компонентите кои се вградуваат во нив, а, пред сé нивните перформанси, најверојатно за 5-6 години единствена разлика помеѓу џебен и персонален компјутер ќе биде нивната големина.


Информатика

Почитувани, пред вас е последното продолжение од серијалот написи за програмскиот јазик C++. Подолго време размислував како да го конципирам овој последен дел, дали да го затворам серијалот објаснувајќи за правилниот начин на кодирање и прагматичниот пристап кон решавање на проблемите, или да завршам со функциите. Сепак, се одлучив за функциите, последната нишка од структурното програмирање. Па да ги проследиме.


Информатика

Со вклучувањето на компјутерот се вклучуваат и вентилаторите на кулерите на сите компоненти кои побаруваат ладење - процесор, графичка картичка, тврд диск (опционално), напојување, системски ладилници. Процесорот и графичката картичка се најосетливи на загревање, ако го занемариме напојувањето. Дефектот на вентилаторот на кулерот многу бргу може да доведе до прегорување на овие компоненти. Затоа, да видиме што може да се стори доколку дојде до тоа.


Аеронаутика

Екранопланите се бизарна мешавина меѓу авион и ховеркрафт. Нивната брзина е блиска на таа на авионите, а преферираната височина на летот е блиска на таа на ховеркрафтите. Првите екраноплани биле конструирани во Советскиот Сојуз, за време на Студената војна. За нивниот развој и нивната намена дознајте повеќе од овој напис.


Астрономија и астронаутика

На Месечината прошетале 12 луѓе од кои шестмина и се провозеле по неа. Од политичка гледна точка САД го порази СССР, но научниот свет не е до крај задоволен од од резултатите од мисијата Аполо. Советските Луни без екипаж дадоа подобар резултат и беа економски поисплатливи. Научниот свет е гладен за нови сознанија и следните мисии го овозможија тоа.


Автомобилска техника

Како што видовме во претходните два написи (ЕМИТЕР 6 и 7-8/07), едни од основните сензори кои се користат при електронското управување со моторот се сензорите за бројот на вртежите и аголната положба на работната оска (радилица, коленесто вратило, Crankshaft). Што сé кажуваат овие сензори на електронската контролна единица (ECU)? Зошто сé почнува од нив?


Физика

Дали еден научен експеримент со неутрина го докажува постоењето на екстра-димензии, претскажани од Теоријата на струните?


Аудио и видеотехника

Според УНЕСКО, на планетава постојат околу 200 милиони часови снимени аудио-видеоматријали на лента . Оваа огромна архива претставува културно богатство и извор на документарен материјал за кој се интересира светот. За жал, магнетното снимање го завршува својот технолошки живот. Ако ништо не се стори за да се заштити, овој вреден архивски материјал ќе биде неповратно изгубен. Прочитајте за глобалното решение на овој алармантен проблем.


Аудио и видеотехника

Експанзијата на дигиталните технологии придонесува квалитетната слика на с поголемите телевизиски екрани да биде достапна како никогаш досега. Својата висока репутација, како еден од водечките производители кои тежнеат кон изнаоѓање нови технологии, Самсунг континуирано ја потвдрува преку подобрувања на квалитетот, острината, големината и природноста на прикажаната слика на неговите телевизори.


Аудио и видеотехника

Од 30. ноември, па сé до 5. декември, компанијата "Sony", за прв пат во Софија (Бугарија), ги претстави најновите свои продукти и можности за забава. На 600 квадратни метри во центарот на градот оваа уникатна презентација беше едноставно насловена "Sony High Definition Show".


Електроника

Засилувачите се една од основните поставки на електронските уреди со кои електрониката успеала длабоко да навлезе во сите делови на човечкиот живот. За илустрација, кога не би постоеле ограничувања, како што е основниот шум како последица на движење на електроните, некој рекол дека би можеле да го слушаме звукот на растењето на тревата. Во овој напис ќе бидат изнесени основните поставки и карактеристики на засилувачите, нивните параметри и основната поделба


Електроника

Овој едноставен електронски склоп, составен од две стапчиња од јаглен, 4 транзистори и 7 отпорници, пред сé е наменет за контрола на количеството на течноста за кочници и водата за миење на ветробранското стакло во вашиот автомобил, помагајќи вашата заборавност да се држи за узди. Меѓутоа истото коло може да се искористи секаде каде што е потребна сигнализација за нивото на некоја течност.


Фототехника

Популарноста на ултракомпактните дигитални фотоапарати непрекинато расте, тоа е факт. И, директива за производителите – да се произведе модел кој на каков било начин ќе се разликува од другите. Sony, познат по своите квалитетни гаџети, не останува настрана. Неколкуте последни модели на дигитални апарати се карактеризираат со навистина корисни опции, но со моделот Cyber-shot DSC-T70 отидоа чекор понапред. Да погледнеме.


Телекомуникации

Индустрискиот развој, а, пред сè, развојот на електрониката, телекомуникациите и информатиката придонесоа на пазарот да се појават нови понапредни технологии кои овозможуваат пренос на аудиовизуелните медија-сервиси до корисниците. Од мноштвото на нови идеи и експериментални обиди, неколку нови технологии го издржаа притисокот на пазарот и стануваат сè поприфатени од публиката (јавноста).


Електроника

Овој едноставен уред може да се монтира на кое било возило. Тој го "снима" просторот зад возилото и благовремено го предупредува возачот ако на неговиот пат се најде пречка на која возилото може да налета.


Електроника

За индикација на мрежниот напон од 230V во електронските кола, честопати се користи стандардна тлеалка. Обично таа естетски не се вклопува во предниот дел од плочата или зазема релативно голем простор, во случај ако се работи за минијатурен електронски уред. За да се избегне тлеалката во ваков уред, во понатомашниот текст ви нудиме едно едноставно, но успешно електронско решение.


Електроника

При конструкција на некои електронски кола многу е добро да располагате со компоненти на кои може да им се менува вредноста. На пр., променливи отпорници, променливи кондензатори, а понекогаш и со зенерова диода со променлив напон, која, верувајте ми, ќе има корисна намена.


Електроника

Некогаш се јавува потреба да се поврзат два или повеќе монитори на еден компјутер и нивна истовремена визуелизација. Решението е хардверско, со едноставно приклучување на едноставна "електроника" на излезот за VGA монитор на компјутерот, се добиваат два излеза за монитор. Со мултиплицирање на истото решение, може да се прошири бројот на приклучени монитори. Уредот поддржува приклучување на монитори од различен бренд и различна димензија на екранот (дисплејот).


Физика

Најнапред да се потсетиме дека сенката претставува зона создадена од темно тело кое ги пресекува зраците емитувани од светлосен извор. Во овој контекст ако го преформулираме прашањето тоа би гласело вака: Дали еден фотон може да пресече друг фотон? Па, зависи од тоа како ја разгледуваме природата на светлината.


Автомобилска техника

Дел од своите размислувања за иднината Волво ги прикажа и преку концептната верзија на својот најмал автомобил, моделот C30. Освен флексибилниот бензински мотор, кој може да користи бензин или етанол како погонско гориво, трите часа полнење на литиум-полимерските батерии за напојување на електромоторите (во секое тркало по еден) се доволни за автономија од 100 километри. Пазарна промоција на овој автомобил, доколку сé оди како што се планира, може да се очекува веќе следната година.


Еурека

Во Трудот се истражува врската помеѓу делузиите и извршувањето на кривично дело убиство кај лицата со параноидно растројство. Истражувањето е спроведено во Психијатриската болница и Центарот за ментално здравје врз две испитувани групи. Испитувана група од 50 извршители на убиство, кај кои по МКБ 10 е дијагностицирано параноидно растројство и контролна група од 50 лица со параноидни растројства, кои не извршиле кривично дело.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како ќе можете да набљудувате со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец ќе помине во знакот на Марс и Месечината.


Информатика

Во минатиот број дадовме куса најава на најновата серија процесори на Интел, изработена во 45 нм технологија, со заедничко име Пенрѕн. Веќе се достапни повеќе детали и резултати од тестовите на првите инженерски примероци, па во очекување овие модели да се појават и на нашиот пазар, да погледнеме со што може да се пофали Интел.


Информатика

Високото ниво на сигурност при работата и одличните перформанси при работа на различни платформи, се едни од главните карактеристики на модерните матични плочи. Gigabyte GA-P35-DDS3R Intel Express, чија основа претставуваат Intel P35 Express и ICH9R чипсетови, е типичен пример на една ваква матична плоча.


Информатика

АМД го претстави новиот графички процесор со кодно име RV670, движечка сила на новата серија графички картички. Дали nVidia конечно добива достоен противник?


Информатика

Тастатурата Logitech G15 првенствено е наменета за играчката популација, но таа сигурно би претставувала одличен избор и за кој било друг корисник. Нетипичниот дизајн, нежното сино заднинско светло и интегрираниот LCD екран се карактеристики кои на оваа несекојдневна тастатура и даваат посебна атрактивност и се очигледен знак за повратна спрега (feedback) со побарувањата на корисниците.


Информатика

Како и секоја година, така и оваа, во просториите на Скопски саем се одржа "ИНФОКОМ 2007 - Меѓународен саем на компјутери, телекомуникации, биро-опрема, аудио и видеоопрема и стручна литература". Податокот дека Саемот секоја година полека но сигурно губеше во својот квалитет и квантитет, и не е некоја новина. Но, за жал, оваа година воопшто и не можеме да зборуваме за што било друго, освен тоа дека ИНФОКОМ е светлосни години далеку од светските манифестации за информатичка технологија.


Омнибус

ISS над Јонското Море;
Samsung SGH-i450;
Лед светилки за подобра видливост;
AMD Spider платформа;
10 најранливи Windows апликации;
Google Maps нема потреба од GPS!!!;
Windows Vista доби service pack 1;
STS-7, нов систем за континуирано мерење на гликемија;
На Месечината нема депонии од смрзната вода;
PMC - нано-меморија со капацитет над 1 терабајт;
Музејската уметност на улиците низ Лондон со помош на HP Designjet 10000S;


Писма
Електронско палење и “пеглица“ 126P
Проект со микроконтролер
Следбеници vs скептици