Рубрика: Фототехника
Тест: SONY Cyber-shot DSC T-70
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Популарноста на ултракомпактните дигитални фотоапарати непрекинато расте, тоа е факт. И, директива за производителите – да се произведе модел кој на каков било начин ќе се разликува од другите. Sony, познат по своите квалитетни гаџети, не останува настрана. Неколкуте последни модели на дигитални апарати се карактеризираат со навистина корисни опции, но со моделот Cyber-shot DSC-T70 отидоа чекор понапред. Да погледнеме.

Cyber-shot DSC-T70 и DSC-T200 се наследници на успешниот двоец DSC-T20 и DSC-T100. Дел од дизајнот и од опциите се преземени од овие два модела и имплементирани во новите, секако, со дополнување со нови и корисни опции. Со оглед на тоа дека тема на овој број е моделот DSC-T70, вниманието ќе го насочиме кон него.
Дизајнот дава ефект на веќе видено, мали се разликите со претходните два модела. На предната страна се лизгачкиот капак врз објективот составен од Carl Zeiss леќи (зад кои е вграден сензор од ефективни 8,1 мегапиксели), блицот и автофокус диодата. Неспорен е и квалитетот на изработка – метално куќиште и совршена завршна обработка.
На горниот дел има само три копчиња – за вклучување без спуштање на капакот на предната страна, за префрлување помеѓу модовите за сликање и преглед на фотографиите и за зумирање. Кон сите други опции се пристапува преку touch screen дисплејот на задната страна. Чувствителноста на допир е добро одмерена, така што нема потреба за силно притискање, но, од друга страна, пак, и не е можно несакано активирање на некоја опција со случаен допир.

Технички карактеристики:

Карактеристиките се дадени во табелата подолу

 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.