Рубрика: Астрономија и астронаутика
50 г. астронаутика (4. дел): Астронаутиката во 70-тите години
Автор: Зоран Милчевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


На Месечината прошетале 12 луѓе од кои шестмина и се провозеле по неа. Од политичка гледна точка САД го порази СССР, но научниот свет не е до крај задоволен од од резултатите од мисијата Аполо. Советските Луни без екипаж дадоа подобар резултат и беа економски поисплатливи. Научниот свет е гладен за нови сознанија и следните мисии го овозможија тоа. Советските мисии кон планетата Венера дадоа врвни резултати, Викинзите пратени кон Марс разрешија многу дилеми има или нема живот на Црвената планета, Маринер 10 испрати фотографии од Меркур, а Пионир и Војаџер открија нови прстени и сателити на џиновските планети. Гледано од научна гледна точка, овие мисии се најуспешни во 50-годишниот космолошки историјат. 70-тите години од минатиот век ги одбележаа и првите орбитални станици, советските Саљут 1 и 2 и американска Скајлаб, кои овозможуваат подолготраен престој на космонаутите, како и почетокот на меѓународната соработка во астронаутиката означена со мисијата Аполо-Сојуз.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.