Рубрика: Електроника
Ултразвучен паркинг-сензор
Автор: Георги Ефтимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Овој едноставен уред може да се монтира на кое било возило. Тој го "снима" просторот зад возилото и благовремено го предупредува возачот ако на неговиот пат се најде пречка на која возилото може да налета.

Помеѓу многуте помошни уреди што се монтираат на современите возила, паркинг сензорот се смета за еден од покорисните. Софистицираните фабрички паркинг сензори автоматски го сопираат возилото кога ќе се најде на некое минимално растојание од друго возило или каков било друг објект. За жал, овој уред не е таков. Тој дава визуелна и звучна индикација за постоење на пречка зад возилото. Притоа, со намалување на растојанието се менува и нивото на звукот со што се добива груба претстава за растојанието. Сите радари, помалку или повеќе, работат на идентичен начин. Предавателот емитира сигнал кој се рефлектира од метата. Приемникот го регистрира рефлектираниот сигнал и со пресметување на времето од емитирањето до приемот го одредува растојанието помеѓу предавателот и метата. За големи растојанија задолжително се користи сигнал од подрачјето на радиофреквенции, а за растојанија до неколку десетици метри може да се користи и ултразвук. Брзината на простирање на ултразвукот изнесува 343m/s, односно околу еден метар на секои три милисекунди. Тоа значи дека за кратки растојанија ултразвучните радари се рамноправни со останатите, но тие се далеку попрактични, бидејќи се едноставни за изработка. Токму од таа причина радарот во овој паркинг-сензор користи ултразвук.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК301
ИК: CD4093, CD4011;
Ултразвучен предавател 40kHz;
Ултразвучен приемник 40kHz
 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.