Емитер 1/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Овој едноставен електронски склоп, составен од две стапчиња од јаглен, 4 транзистори и 7 отпорници, пред сé е наменет за контрола на количеството на течноста за кочници и водата за миење на ветробранското стакло во вашиот автомобил, помагајќи вашата заборавност да се држи за узди. Меѓутоа истото коло може да се искористи секаде каде што е потребна сигнализација за нивото на некоја течност.
Замислете си дека возите автомобил по мокар пат и некое друго возило, кое вози пред вас, ви го испрска ветробранското стакло со нечистотија. Нормално е да го употребите механизмот за миење на ветробранското стакло, но при тоа на ваше изненадување нечистотијата се размачкала во широка непроѕирна покривка, бидејќи течноста за миење на ветробранското стакло била претходно потрошена! Видикот е речиси рамен на нула, па, нормално, единствено ви преостана само да застанете. Прикочувате, но педалот од механизмот за кочење "пропаѓа", бидејќи и течноста за кочење во резервоарот била претходно потрошена под дозволеното минимално ниво, па последната надеж која ви остана е среќата. Но, зошто воопшто да дозволите да паднете во таква ситуација во векот на електрониката, кога постојат едноставни електронски склопови за контрола на разни функции на механизми во вашиот автомобил? Како многу добра помош ви предлагаме едноставен универзален електронски склоп кој може да се употреби како индикатор за сигнализирање недостиг на течност за кочници (глицерин) во резервоарот, како индикатор за сигнализирање недостиг на вода за миење на ветробранско стакло, но и како индикатор за испразнетост на кој било сад со течност па дури и на бунар.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.