Емитер 1/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Иако капацитетот на модерните тврди дискови денес достигнува и до фантастични 1 TB, сосема е сигурно, со оглед на галопирачкиот развој на информатичката технологија, дека тој и понатаму ќе се зголемува. Но, јасно е дека вака големите тврди дискови мора да се поделат на партиции, со што ќе се зголеми нивната флексибилност, многу ќе се олесни средувањето и организирањето на разни типови податоци, како и нивна контрола или правењето на сигурносни копии. За напредните корисници и администратори, повеќе партиции овозможуваат и инсталирање на два или повеќе оперативни системи. Но, понекогаш се јавува потреба од промена на големината на некоја партиција, или пак промена на датотечниот систем кој се користи. Понекогаш оперативниот систем едноставно не може да стартува или не "гледа" некоја партиција. Тогаш ни се потребни одредени алатки кои ќе ни помогнат во дадената ситуација.
Креаторите на првото PC при дизајнирањето на основната архитектура на BIOS-от, направиле едно основно ограничување. Имено, BIOS-от може да адресира само четири примарни партиции. Бидејќи ваквото ограничување создава проблеми околу можноста и капацитетот на поставените тврди дискови, развиени се повеќе системи кои го заобиколуваат овој "проблем". На тврдиот диск се креира продолжена (extended) партиција (што значи дека сега бројот на примарните партиции е намален на три), која понатаму може да се подели на неограничен број логички (logical) партиции (повеќе за оваа проблематика имавте можност да читате во ЕМИТЕР 10/05). BIOS-от не ги гледа логичките партиции, туку само продолжената партиција. Нормално, оперативниот систем може да работи со сите логички партиции, што, од друга страна, овозможува и инсталација на повеќе разни или исти верзии на Windows, но исто така и инсталација на Windows и Linux или некој друг оперативен систем. Во оваа приказна важно е тоа што секоја од логичките партиции може да користи различен датотечен систем, во зависнот од видот на оперативниот систем.
Но, што е тоа што понекогаш е проблем при вакви ситуации? Да претпоставиме дека на вашиот компјутер имате инсталирано Windows XP, а при тоа тврдиот диск има само една партиција C. Сега сакате да инсталирате и Windows Vista, а по можност и Linux. Сосема е јасно дека два OS не можат да функционираат на една партиција (барем не без проблеми). Значи, потребно е креирање на уште една или повеќе нови партиции. Ново форматирање и преинсталација не доаѓа предвид, бидејќи имате премногу податоци, а секогаш постои можност некоја папка или датотека да ја заборавите (Марфиевите закони се секогаш на сила, нели!). Правењето Backup (сигурносна копија) на целиот диск е долга и сложена процедура (која можеби и никогаш не сте ја користеле), па и оваа опција отпаѓа. Што тогаш? Нормално, во овој момент во игра влегуваат специјализирани програми кои ќе ја завршат оваа работа за вас. Овие алати овозможуваат промена на големината и позицијата на секоја партиција, како и управување со структурата на самите партиции, се разбира, без при тоа да се изгубат податоците на нив.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.