Омнибус

Мода во чекор со времето;
Орион ќе ги врати астронаутите на Месечината;
Нови предлози за мисии кон Марс;
Зборувате ли бушмански???;
Нокиа Е70 - моќен деловен апарат;
New Horizons ја направи првата фотографија со својата најголема камера;
Дали сте имуни на рак?!;
ХП воведува големи формати во графичките понуди;
Интересни факти за Земјата (2);
Локид-Мартин ќе го гради Орион;
Windows Vista предфинална фаза;


Автомобилска техника

Фиат 600, Застава 750, или, кратко и јасно - Фиќо. Автомобил за кој не постои човек од просторите на нај¬возбудливата поранешната држава на Балканот што не слушнал за него. Тој, несомнено, даде огромен придонес при модернизирањето и трансформирањето на повоена Италија, а популарниот Фиќо одигра суштествена улога и во моторизирањето на луѓето од нашите простори.


Автомобилска техника

Тргнувајќи од постулатот дека секој на свој начин придонесува во развојот на автомобилската индустрија, браќата Мишлен, во овој контекст, имаат значајна и непроценлива улога. Навидум наједноставните нешта, всушност, знаат да бидат најтешки и најнезгодни. Таков е примерот и со тркалата, а еден од неговите делови е пневматикот. Денеска како да се навикнавме да гледаме на тркалото како на нешто само по себе зададено, незнаејќи дека пневматикот е исклучително важен дел на автомобилот.


Автомобилска техника

Еден е од пионерите во производството на автомобили во Франција и воопшто во светот. Ањели, Фордови, Тојоди, Арман Пежо ги надминува сите. Гледано од денешен аспект, Пежо претставува типичен пример како може и треба да се опстане во светот на производителите на автомобили.


Аеронаутика

Франција, како земја со развиена воздухопловна индустрија, во периодот меѓу двете Светски војни произвела голем број модерни борбени авиони. Понатамошниот развој на нови типови авиони бил запрен со брзиот пораз на Франција во Втората светска војна. Сепак, француските авиони одиграле значајна улога во неа и тоа како на страната на Сојузниците, така и на страната на Оската и на неутралните земји.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате овој месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец ќе помине во знакот на метеорскиот рој Ориониди.


Астрономија и астронаутика

Пред 500 години морепловецот Фер¬динанд Магелан, за време на своето историско патување околу Зем¬јата, со својот дурбин набљудувал на небото еден темен објект кој му бил сопатник во ноќта.


Аудио и видеотехника

Европската асоцијација за слика и звук EISA и оваа година ги додели наградите за најдобрите производи од областа на аудио, видео, фото и мобилната техника. EISA постојано го следи напредокот и проширувањето на понудата на светските производители, за на крајот да може да ги прогласи добитниците на награди за изминатите 12 месеци.


Аудио и видеотехника

Серијата m3i на компанијата Mission содржи вкупно 10 модели на звучни кутии наменети за меѓусебна комбинација за добивање сараунд комплет, но голем дел од нив е наменет и за вклопување во системите за класична стереорепродукција. Изборот е навистина голем, потребите исто така, па...


Електроника

Во претходниот број се запознавте со карактеристиките и начинот на работа на полначот на оловни акумулатори со мал ка¬пацитет. Во овој број се селиме во работилницата, со детали и упатства за изработка на уредот. Секако, ова не значи дека не треба да имате своја идеја околу конечниот изглед на уредот. Во секој случај разгледајте го ова решение, затоа што секоја идеја може да поттикне нова, подобра.


Електроника

PC дигиталниот потенциометар е уред кој на својот излез ја менува својата отпорност во 256 нивоа. Промената на отпорот ќе можете да ја вршите преку програма на вашиот компјутер. Овој уред во склоп со други кола може да се користи за промена на фреквенција на осцилаторно коло, промена на јачина на светлина, промена на јачина на звук.


Електроника

Станете сопственик на овој едноставен и, пред сé, евтин детектор на метал кој може да биде корисен придружник на вашата главна "алатка за пребарување". И покрај малите димензии тој јасно детектира паричка на растојание од неколку сантиметри и прави разлика помеѓу магнетни и немагнетни метали.


Електроника

Електролитските кондензатори се зачудувачки компоненти, создаваат многу проблеми, а сепак се неопходни за речиси секое електронско коло. Ги има, како што видовте и во прак¬тичните примери што до сега ги предлагавме за градба. Ако ги користевте со мала или нешто поголема недоверба кон нешто што не ви е познато, сега детално ќе ве запознаеме со нивната функција, нивната градба и другите аспекти на нивната практична примена.


Електротехника

Професионалците од областа на монтажа и изведба во градежништвото, но и други сродни области, потребно е во својата колекција на алати да имаат разновиден и квалитетен алат кој ќе им овозможи сигурност и квалитет при работата. Заради тоа, алатите кои имаат повеќекратна намена се секогаш добродојдени за оваа бранша.


Енергетика

На 27.07. оваа година во н.м. Кадино, општина Илинден, во упо�треба е пуштена "Вила Марковски" - првата еколошка и енергетски независна куќа во Македонија. Во оваа куќа практично се применети сите стручни знаења на инвеститорот и носителот на проектот, СИЕТО д.о.о од Скопје, за искористување на сонцето и ветерот како алтер�нативни извори на енергија.


Информатика

Доколку сакате да побарате нешто на интернет треба само да го впишете бараниот поим на некој од интернет-пребарувачите и информацијата веќе е тука. Но, процедурата да ставите свои информации на интернет е многу посложена. За да ве "видат" потребна ви е ваша веб-страница. која не е лесно да се направи. Блогот е едноставен и бесплатен начин да направите своја веб-страница.


Информатика

По традиција, секоја нова верзија на еден од најкористените софтверски пакети Microsoft Office е проследена со голем интерес како од експертите кои "со душа чекаат" да ги напишат критиките за новата дистрибуција, така и од корисниците кои се гладни за нови иновативни решенија во алатките "за секојдневна употреба" кои се дел од популарниот Office paket.


Информатика

12 август 1981 година... Дајана Рос и Лајонел Ричи беа на врвот на топ-листите со прекрасната "Endless Love"... Дијана уживаше во медениот месец со принцот Чарлс, не насетувајќи ја ни за момент несреќната судбина што ја очекува...


Информатика

Како што и е ред, веднаш по излегувањето на најдоброто од погоните на nVIDIA, односно графичката картичка nVidia GeForce 7950 GX2 со два графички процесора, компанијата ATI одговори на предизвикот од конкурентот многу бргу, со пуштање на пазарот на графичката картичка ATI Radeon X1950 XTX. За прв пат на пазарот се појавува графичка картичка која користи GDDR4 мемориска технологија. ATI останува на висината на задачата и нуди многу за релативно помала цена од конкурентот.


Информатика

Магнетно-резистивна меморија со случаен пристап. Вака некако би го превеле акронимот MRAM, кој изворно се пишува како Magnetoresistive Random Access Memory. Оваа магнетно-резистивна меморија, всушност, сé уште претставува само револуционерно технолошки проект кој ќе ги замени многуте "силикони" од денешната полуспроводничка фамилија на мемориски елементи. Овој тип на магнетно-резистивна меморија ја комбинира брзината на SRAM и DRAM технологијата на еден единствен чип.


Медицина

Дали се сеќавате кога последен пат сте биле полни со енергија? Секако, тоа било кога сте биле на планина, крај море, езеро или река, или, пак, крај некој водопад. Зошто? Еве за што станува збор: овие опкружувања, всушност, се вистински природни извори на негативни јони, а тие се многу поволни за здравјето и биохемијата на човечкиот организам. Нормална концентрација на негативните јони во свеж воздух во природата изнесува 2 - 4 илјади во кубен сантиметар.


Телекомуникации

Безжичниот пренос на податоци станува сé поголем хит. Од безжичните глувчиња до Формула 1 телеметриските системи, дигиталните радиосистеми се користат во многу апликации и навлегуваат во многу полиња од животот. Во овој и следниот напис ќе ја разгледаме моменталната ситуација во безжичната џунгла.


Физика

Во потрага по природата на масата на телата, физичарите разработуваат теорија според која масата е продукт од интеракција на стандардните елементарни честички со еден нов вид поле т.н. "Хигсово" поле. Ако теоријата биде експериментално потврдена со детекција на нов вид елементарни честички, "Хигсови" бозони, тие би можеле да бидат решение за таинствената структура на егзотичната темна материја во вселената.


Фототехника

Во рамките на годинешното доделување награди од страна на Европската асоцијација за слика и звук (EISA) беа доделени и признанијата од областа на фототехниката. Следува нешто повеќе за нив. Производите мора да задоволуваат повеќе високи критериуми.


Макетарство и моделарство

Покрај внатрешноста на кабината (кокпитот), која беше тема во еден од минатите броеви на ЕМИТЕР, како внатрешни делови во една макета најчесто се јавува стојниот трап и неговите куќишта, се разбира, доколку се работи за стоен трап којшто се вовлекува во трупот или крилата на воздухопловот. Како и кабината, стојниот трап може да биде затворен, доколку макетата ја поставиме на сталак, или отворен, доколку макетата ја изработиме со отворен стоен трап и поставена на подлога.


Геологија

Научниците ја усовршиле техниката за утврдување на хронологијата на разни настани, вклучувајќи го и создавањето на Сончевиот систем. Тие утврдиле дека Земјата е стара 4,5 милијарди години, додека најраните хоминиди се појавиле пред 6 милиони години.


Астрономија и астронаутика

Андромеда е најблиската поголема галаксија до Млечниот Пат. Може да ја видите и со голо око, како мала, бледа и заматена дамка во истоименото соѕвездие. Според последните проценки, Андромеда има околу билион (1012) ѕвезди, што е многу повеќе од вкупниот број на ѕвезди во Млечниот Пат, па така таа најверојатно е и најмасивната галаксија во Локалната Група.


Електроника
Изработениот прототип на визуелната контрола на мрежен напон

Од повеќето проблеми на XXI век присутен е и недостаток на електрична енергија во светски рамки, а со тој проблем се соочува и нашата држава. Со зголемување на стандардот на домаќинствата се зголемуваат и приклучените потрошувачи на електричната мрежа. Тоа најмногу е изразено во зимскиот период кога за греење се користат електрични печки, по што се јавува поголем пад на напонот од градската мрежа. Овој пад на напон негативно влијае на повеќе потрошувачи во домаќинството.


Писма
Звучници, транзистори...
Квалитет на ДВД снимките
Делител на фреквенција и калеми означени со бои
Антички гитарски засилувач