Рубрика: Автомобилска техника
Автомобил - првите 120 години: Андре и Едуард Мишлен
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2006.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Тргнувајќи од постулатот дека секој на свој начин придонесува во развојот на автомобилската индустрија, браќата Мишлен, во овој контекст, имаат значајна и непроценлива улога. Навидум наједноставните нешта, всушност, знаат да бидат најтешки и најнезгодни. Таков е примерот и со тркалата, а еден од неговите делови е пневматикот. Денеска како да се навикнавме да гледаме на тркалото како на нешто само по себе зададено, незнаејќи дека пневматикот е исклучително важен дел на автомобилот. И не е зададен туку така, сам по себе, туку навистина се има поминато низ трнлив пат за да се дојде до она што денеска сме навикнале да го гледаме и поимаме како пневматик. На крајот од краиштата, целата силина на моторот која, на пример, изнесува 500 КС мора да помине преку само два пневматика со допирна (активна) површина помала од една дланка и да се предаде на патот: факт за страхопочитување од кој нема бегање. Без добра гума (пневматик) сé е залудно. Тоа се браќата кои ја искористија шансата.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.