Многу интересни резултати од едно истражување - за навиките на просечниот европски возач за користењето на летните и зимските пневматици и некои факти од проектирањето на новиот пневматик на “Мишлен” SrossClimate презентирани се на сајтот www.michelin.com.hr
Започнуваме со резултатите од истражувањето, т.е. студијата:
а) 65% од европските возачи (во просек) користат летен пневматик преку целата година, притоа загрозувајќи ја својата сигурност при зимски услови, снег и мраз. Во Германија, овој процент изнесува 20% и во таа земја е законски пропишано вградувањето зимски пневматици во зимски услови на возење. Во Франција овој процент е 76%, таму не постојат прописи за користење зимски пневматици (извор GFK – студија за однесувањето на европските потрошувачи – 2014).
б) 4 од 10 европски возачи сметаат дека сезонската замена на пневматиците е непотребен проблем и ја одложуваат до последен момент.
в) 3% од возачите во Германија и 7% од возачите во Франција користат зимски пневматици преку целата година, загрозувајќи го ефектот на кочење по сув асфалт, особено при топло време, а и ја наголемуваат потрошувачката на гориво.
Следуваат интересни факти од процесот на проектирање на пневматиците “Мишлен” CrossClimate:
а) Секоја година, “Мишлен” вложува повеќе од 640 милиони евра во активности поврзани со истражување и развој, спроведува 75 000 тестови со корисници од целиот свет и интервјуира приближно 11 000 купувачи на пневматици.
б) Овој пневматик е тестиран во 7 држави. Тоа се: Германија, Канада, Финска, Франција, Полска, Шпанија и Шведска.
в) 36 месеци биле потребни за создавање на овој пневматик - од празен лист, до неговото претставување на јавноста на 2.3.2015. Биле потребни само 3 години за развој, додека во нормални услови се потребни 4 години и 8 месеци.
г) 70°C е распонот на температурата на која е тестиран овој пневматик. Тестовите се направени при надворешна температура од -30°C и до +40°C.
д) 150 инженери и стручни лица работеле на конструкцијата, тестирањето, индустријализацијата и производството на овој пневматик.
ѓ) Повеќе од 1 000 лабораториски тестови се спроведени на материјалите, профилот и на куќиштето на пневматикот.
е) 5 000 000 километри се поминати при тестирањето на овие пневматици - тие опфаќале динамички тестови и тестови на трошење и издржливост. Оваа бројка е еднаква на 125 должини на земјиниот екватор.