Уводник

Изгледа неверојатно, барем за мене, но ете изминаа 25 години од излегувањето на првиот број на ЕМИТЕР во август 1995 година. Но приказната за ЕМИТЕР е започната барем десетина го­дини порано, кога како ученик редовно ги читав југосло­венските списанија „Техничке новине”, „САМ свој мајстор”, „Радио­ама­тер” и „Галаксија”, а потоа, како студент и бри­тан­скиот „Електор” и многу други науч­но-популарни списанија во Американскиот и Францускиот културен центар. Некаде тогаш е зачетокот на идејата за наше, македонско научно-популарно и техничко списание.


Електроника

Гитарските ефекти се незаобиколив дел од модерните музички жанрови, тие сведочат за еволуцијата на уметничката експресија и истовремено за еволуцијата на технологијата. Иако денес со помош на дигиталните процесори може да се измени звукот на електричната гитара да добие секаков звук и боја по желба, аналогните гитарски ефекти-педали сè уште се барани и употребувани од мнозинството гитаристи. Во оваа статија ќе се осврнеме на историјатот на првите електрични гитари и првите гитарски ефекти-педали, а накратко и на видовите гитарски ефекти.


Астрономија и астронаутика

Сонцето е ѕвезда од “главната низа” стара 4,6 милијарди години. Тоа е ѕвезда од класата на жолти џуџиња, која се наоѓа во центарот на Сончевиот систем. Сонцето претставува голема топка од многу жешка плазма (јонизиран гас) и има 750 пати поголема маса од сите планети во Сончевиот систем заедно. Нуклеарните реакции во неговото јадро го преобразуваат водородот во хелиум и создаваат огромно количество енергија.


Медицина

Коронавирусот,  односно болеста позната како Ковид -19 е застрашувачки потсетник за непосредните глобални закани какви што се заразните болести. Епидемии се случувале во текот на целата историја на човештвото, само во последниве 20 години коронавирусите предизвикале три поголеми во светски рамки. А, изминатава година кошмарот на невидливата закана интензивно ја доживеавме во реално време и од прва рака, на глобално ниво.


Електроника

Во овој, втор дел од проектот, ќе го употребиме звучникот JBL 4301B кој има пасивна свртница и од него ќе направиме активен двопојасен звучник со помош на нашата двопојасна аналогна активна свртница со delay, shelf и notch функција.


Научна фантастика

Научната фантастика е литература што се занимава со промената и жанр кој ги има своите претходници во книгите напишани во времето кога индустриската револуција далекусежно и драматично навлегувала во животите на луѓето. Новиот технолошки развој довел до преврати во сите сфери на животот и ни малку не изненадува потребата да се појави едно подрачје во книжевноста кое би ги одразувало тие промени. Соочени со можноста на промена, луѓето реагираат на различни начини.


Телекомуникации

Во претходниот текст во кратки црти се Ви го претставив еден од најкорисните радиотехнички мерни инструменти, а тоа е векторскиот РФ-анализатор и накратко ги објаснив некои од неговите можности. До пред само една година ваквите инстру­менти поради својата огромна цена, можеа да ги користат само ограничен број на среќни инженери и научници во научно-истражувачки лаборатории.


Електроника

Понг е една од најраните аркадни видеоигри, спортска игра со користење на едноставна дводимензионална графика. Ова е првата успешна комерцијална видеоигра во историјата, а нејзиното име е поврзано со појавата на интерактивната индустрија за забава. Играта може да се најде во најразлични форми и може да се игра на најразлични уреди како што е ТВ, компјутер, играчка конзола и сл. Со овој проект со помош на Ардуино и мал OLED дисплеј ќе можете да ја изработите популарната игра во вид на рачна видеоконзола.


Аудио и видеотехника
SONY VENICE

Можеме да кажеме дека Сони ја започна трката во филмските камкордери во 1999 година, со моделот HDW-F900, кој беше специјално дизајниран за Џорџ Лукас и „Војната на ѕвездите”. И покрај тоа што конкурентните компании многу порано почнаа развој во оваа област, уште од самиот почеток се насетуваше дека сепак Сони ќе го стигне нивниот чекор многу брзо. Во годините потоа следеа повеќе модели на камери наменети за филмска продукција, а оваа година пристигнаа новите модели Venice и PXW-FX9 кинематографски камкордери во 6К и 4К резолуција.


Аудио и видеотехника

Времето бргу минува, но ако точно се сеќавам, пред околу пет години ми се јави еден близок пријател, инаку пасиониран аудиофил, и ме повика да слушнеме две нови аудио компоненти. Засилувач и предзасилувач сместени во елегантни тенки кутии со беспрекорна изработка и мошне софистициран дизајн, со безвремена естетика интерпретирана на современ начин и на највисоко технолошко ниво, во смисла на изработка, детали, влезни и излезни конектори, но и покрај впечатливата појава, не ми беа познати. “Што е ова?” беше неизбежното прашање… “Теохаров, направено во Скопје”...


Макетарство и моделарство

Многу имав слушано и читано за изработка на разни предмети во 3Д техника, односно изра­ботени со печатачи во 3Д-технологија. По кулоарите на АК “Мирко Тодоровски” – Битола на големо се збо­руваше дека се подготвува акробатски модел за категорија Ф3А да се печати со 3Д печатач. Во кон­такти со еден од иницијаторите и реализатор на проектот Драган Цветановски бев информиран дека проектот е во тек но додека не се изработи и не се испробаат неговите можности нема да зборува.


Автомобилска техника

Кога ќе се направи синергија помеѓу Мерцедес-Бенц и Славче Таневски, тоа значи дека се работи за заеднички напори на стар и исклучително искусен и докажан автомобилски бренд и млад, серизен, исклучително квалитетен и полетен дизајнер кој знае што сака и како тоа да го постигне, резултатот не само што не може да изостане, туку се добива парадигма која покажува како треба да изгледа еден современ автомобил кој своето место го бара помеѓу помладата публика и онаа публика, која и покрај годините, се карактеризира со младешки дух. Токму така – резултат на тие севкупни напори е Mercedes - Benz CLA (2019).


Научна фантастика

Постарите генерации со носталгија се присетуваат на култните научно-фантастични серии и филмови кои ги обележале нивното детство и младост. Овие остварувања, обвиткани со сјајниот, златен превез што сите нешта од младоста го имаат, се чинат како бесценети камења, но само малку од нив го издржуваат тестот на времето и се “гледливи” и денес.


Информатика

Непромислен клик на тастатурата или глувчето знае да биде вистински кошмар, особено ако настрадаат битни документи или, не дај Боже – цела партиција. Се разбира, бекап нема (кој нормален тоа го прави во денешно време?!), а некогаш и време. Чаре? Има, не очајувајте. Читајте понатаму.


Електроника

Потребата од одржување на температурата на некое ниво е од огромно значење за работата на некои уреди како системи за инкубација, системи за складирање на лесно расиплива стока и други. Доколку од која било причина дојде до промена на температурата, потребно е тоа да биде детектирано. За таа цел, во овој напис ви претставуваме едноставни електронски кола за самоградба со кои ќе може да се детектира промена на температурата.


Информатика

Со развојот на интернетот и интензивирањето на неговото користење неминовно се наметна потребата за огласување и рекламирање во овој медиумски простор. Но, огласувањето и рекламирањето во овој простор набиен со информации, не ниту малку едноставно и побарува посебна подготовка и стратегија за вашата реклама да допре до вистинската целна група. Во минатиот напис и во овој зборуваме за начините и патиштата што ќе ви овозможат ефективна реклама со минимален влог.


Електроника

На секој електроничар му е познато колку е понекогаш важно, помеѓу стари зенер-диоди или зенер-диодите на кои им е избришана ознаката, да се пронајде исправната или таа со бараната вредност. Иако уредот за испитување зенер-диоди поретко се користи, пожелно е да го поседува секоја работилница за електроника.


Информатика

Имате потреба од поставување безжична пристапна точка или рутер до некоја нова канцеларија? Без паника! Сè што треба да направат вработените е да го вклучат уредот во струја и воала –  целосно функционална и безбедна мрежа, која може да се менаџира и одржува од кој било крај на светот, без дополнителни трошоци за поставување, без гломазен персонал за одржување.  


Аудио и видеотехника

Во март 1998 година, весникот Тајм магазин (Time Magazine) го вклучил име­то на Дејвид Сарноф (David Sarnoff 1891-1971) во неговата “Time 100”, листа на највлијателните луѓе во 20 век. Кој бил Дејвид Сарноф? Накратко, тој бил аме­ри­кански бизнисмен и пионер во раз­војот на радиото и телевизијата.


Електроника

За да може фрижидерите или замрзнувачите да работат коректно односно да ја одржуваат температурата константна особено во летните месеци потребно е врата од истите да биде добро затворена. Но понекогаш корисниците на фрижидерите а особено децата при отворање на вратата на фрижидерот се со цел да ги земат потребните намирници забораваат да ја затворат врата или да ја остават подотворена.


Астрономија и астронаутика

Најголемата мистерија на универзумот којашто со децении ги мачи научниците, за која до денес тие немаат одговор, е поврзана со самото негово постоење; а се однесува на прашањето зошто во универзумот доминира материјата во однос на антиматеријата.


Еурека

Живееме во ера на компјутери, телевизори и постојано седење во училници, дома и на работа. Долгото статично седење на обичен стол не е природно за човекот. Всушност, тоа е најлошиот начин за поминување на времето и, трагедијата да биде поголема, токму тоа го правиме најмногу. Фитнес столовите не се справа за фитнес салите, туку направа за секојдневна употреба на друштвени места, работа, училиште, дома и во локали, што на некој начин ќе се користат наместо досегашните столови за седење.


Медицина

Во светот на здравата исхрана новата мода се вика кетогена исхрана. Интернетот е преполн со информации, вистинити и лажни, за кетогената исхрана. Некои воодушевено ја препорачуваат како магична исхрана покрај која нема да има место за болести, додека поумерените предупредуваат дека тоа не е панацеа (универзален лек) и дека покрај позитивните, постојат и негативни страни од таквата исхрана. Кому да му се верува? Влатко Поповски и Владимир Филевски застапуваат дијаметрално спротивни гледишта во дебатата на оваа тема.


Архитектура и градежништво

Кога станува збор за противпожарна заштита на зградите со топлински изолирани фасадни ѕидови, мора да се прави дистинкција помеѓу случаи со т.н. контактна фасадна изолација (КСиНТИ), вен­тилирана фасадна изолација и декоративни фасадни облоги од горливи материјали кои немаат функција како топлинска изолација.


Аеронаутика

Во својата матурска тема во далечната 1968 година пишував за тогашниот проект за надзвучен авион, Конкорд. Деновиве повторно се појави една вест за проект на надзвучен авион, но многу побрз од неговиот претходник Конкорд, којшто растојанието од Њујорк до Лондон ќе го прелетува за 1 час, а од Њујорк до Австралија за 4 часа. По 52 години откако пишував за Конкорд, кој тогаш беше само сон што подоцна, и тоа брзо се оствари, нема причина да не веруваме во овој нов проект.


Аудио и видеотехника

Оваа година аудиогигантот Зенхајзер го слави 75-тиот роденден. Од своето основање до денес компанијата активно учествува во развојот на аудио индустријата во сите сегменти. Независно дали сте корисник на некој производ од нивната професионална линија или, пак, на оние наменети за пошироката аудиофилска публика, секако ќе се сложите во едно – иновативните производи и решенија со марката Зенхајзер овозможуваат неприкосновени звучни искуства кај корисниците ширум светот.


Електротехника

Новите 40V батерии на Макита ќе бидат рамо до рамо со докажаниот, водечки и општоприфатен LXT/LXTA систем. Сепак, со новитетите што ги донесува XGT технологијата за кусо време ќе станат масовен избор на корисниците!  


Информатика

Пролетното освежување на оперативниот систем Windows 10 носи дузина новитети – некои од нив упорно ги чекавме и ги баравме во минатите 2-3 години. Конечно!


Омнибус

Условите за живот на Земјоликите егзопланети; Алгоритам креира реални звуци на гитара; Што ако се појави “син екран” на компјутерот?; Засилува× AGD THE AUDION; 8 TB SSD – доволно?; Суперспроводливост на собна температура!; Пипистрел со мотор на водород; Звукот на дефектите; Детекција на примордијална кварк-глуонска плазма?; Грамофонска рачка HiFiction Thales;  Микрофон за следната генерација паметни телефони, коли и лаптопи


Писма
Проект за аматерски радиотелескоп
Напојување на “Автоматски прекинувач за осветлување” од Емитер 4/2014
Проблеми со унимер