Емитер 7-12/2020.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Можеме да кажеме дека Сони ја започна трката во филмските камкордери во 1999 година, со моделот HDW-F900, кој беше специјално дизајниран за Џорџ Лукас и „Војната на ѕвездите”. И покрај тоа што конкурентните компании многу порано почнаа развој во оваа област, уште од самиот почеток се насетуваше дека сепак Сони ќе го стигне нивниот чекор многу брзо. Во годините потоа следеа повеќе модели на камери наменети за филмска продукција, а оваа година пристигнаа новите модели Venice и PXW-FX9 кинематографски камкордери во 6К и 4К резолуција.
Не поминаа речиси ни 3 години откако SONY, еден од најголемите производители на аудиовизуелни уреди, ја презентираше првата изведба на камкордерот VENICE, а веќе оваа година се појавува неговата 7-ма модификација. Во февруари оваа година во Скопје, благодарение на АВЦ – Скопје компанија која е лидер во увоз и интегрирање на професионална аудио и видео опрема во нашата држава, беше организирана неговата промоиција. Покрај можноста да се види и да се “проба” на некој начин оваа кинематографска камера, беше презентиран и новиот камкордер FX9, кој претставува нова генерација на 6К камкордери. Покрај основниот сет кој се декларира како основен за работа, беа прикажани и дополнителните уреди со кои овие камкордери стануваат навистина одлични алатки во филмската и во телевизиската продукција. Мора да истакнеме дека сè поголемата продукција, особено на водечките светски продукциски куќи, наметнува нови правила и стандарди во аудиовизуелните дела, со што производителите се во постојана трка на стандардизација кај своите постоечки и нови производи. Ќе напоменам дека продукциската куќа Netflixx во 2018 година потпиша 240 нови филмови, серии и ТВ шоу емисии само на американскиот пазар. Во 2019 година оваа бројка се зголеми за 56,4%, или 371 нови серии, филмови и ТВ шоу емисии. Согледувајќи ги овие податоци, без да навлегуваме во подлабоки анализи и кај другите продукциски куќи, ќе сфатиме дека кинематографијата со воведувањето на електронскиот запис и новите камкордери кои веќе ја имаат одамна „заборавено” филмската лента, се иднината на филмската продукција.
Можеме да кажеме дека Сони ја започна трката во филмските камкордери во 1999-та година со моделот HDW-F900, кој беше специјално дизајниран за Џорџ Лукас и “Војната на ѕвездите”. И покрај тоа што веќе конкурентните компании многу порано почна развој во оваа област, уште од самиот почеток се насетуваше дека сепак Сони ќе го стигне нивниот чекор многу брзо. Потоа следеа моделите HDC-F950 и F23 кои се појавија во 2006 и 2007 година. Моделот F35 во 2008-та година беше и првиот модел на пазарот кој имаше таканаречен Super 35mm Movie сензор. Во 2010-та година беше презентиран PMW-F3 камкордерот кој мислам дека беше толку баран на пазарот, што Сони не можеше да ги задоволи побарувањата на продукциските куќи во тоа време. Конечно, во 2011 година се појави и револуционерниот модел F65 кој беше посебно развиен за филмските потреби на продукцискиот пазар. За разлика од него, моделот PMW-F55 и комерцијалната верзија F5 се појавија во поголем тираж и поекономична цена, со што го позиционираа своето место во палетата на светските кинематографки камкордери.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2020. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.