Рубрика: Информатика
Кога кликот е побрз од паметот...
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-12/2020.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Непромислен клик на тастатурата или глувчето знае да биде вистински кошмар, особено ако настрадаат битни документи или, не дај Боже – цела партиција. Се разбира, бекап нема (кој нормален тоа го прави во денешно време?!), а некогаш и време. Чаре? Има, не очајувајте. Читајте понатаму.

Во “компјутерџискиот” жаргон има една изрека – “кога кликот е побрз од паметот”. И главно се употребува кога со еден непромислен “клик” на тастатурата или копчето на глувчето ќе избришеме битен документ… или цела партиција од хард дискот. Враќањето на документот од корпата за отпадоци е едноставно; не е тешко да се врати дури и кога ќе се избрише трајно со “shift+delete”.

Не е проблем и враќањето на податоците од избришана партиција и нејзиното повторно репартиционирање, но одзема време. А доколку е во прашање бутабилна партиција со оперативен систем, тогаш повторната инсталација е допол­нителен “бонус” – за памет, народски речено.

Сепак, и тука постои своевиден “шорткат”…


 

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2020. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.