Рубрика: Аеронаутика
Њујорк – Лондон за еден час?
Автор: Перица Поповски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-12/2020.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во својата матурска тема во далечната 1968 година пишував за тогашниот проект за надзвучен авион, Конкорд. Деновиве повторно се појави една вест за проект на надзвучен авион, но многу побрз од неговиот претходник Конкорд, којшто растојанието од Њујорк до Лондон ќе го прелетува за 1 час, а од Њујорк до Австралија за 4 часа. По 52 години откако пишував за Конкорд, кој тогаш беше само сон што подоцна, и тоа брзо се оствари, нема причина да не веруваме во овој нов проект.

На почетокот од оваа година осамна вест дека наскоро ќе полета надзвучен патнички авион кој релацијата Њујорк–Лондон ќе ја прелетува за еден час. Оваа вест ме потсети на информацијата која ја читав во далечната 1968 година дека постои проект за надзучен авион Конкорд кој ќе лета со двапати поголема брзина од звукот. Тоа ми се врежа во главата, и кога ја добив Матурската тема “Воздухопловен сообракај во светот”, не заборавив да го споменам проектот Конкорд. За волја на вистината, тоа ми беше најдобар адут и ја одбранив темата со оценка 5. Од целата моја матурска тема во одбраната, најголем интерес произлезе за новиот надзучен авион.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2020. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.