Рубрика: Научна фантастика
Вовед во научната фантастика
Автор: Љубомир Михајловски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-12/2020.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Научната фантастика е литература што се занимава со промената и жанр кој ги има своите претходници во книгите напишани во времето кога индустриската револуција далекусежно и драматично навлегувала во животите на луѓето. Новиот технолошки развој довел до преврати во сите сфери на животот и ни малку не изненадува потребата да се појави едно подрачје во книжевноста кое би ги одразувало тие промени. Соочени со можноста на промена, луѓето реагираат на различни начини. Некои грозничаво предупредуваат дека работите тргнале од лошо кон полошо, додека другите проповедаат дека Рајот се наоѓа зад првиот агол од улицата. Научната фантастика отсекогаш ги опфаќала двете крајности, еднакво како и многуте други алтернативи меѓу нив, идејата за промена отсекогаш била прифаќана како нешто што се подразбира самото по себе.

Рубриката “Научна фантастика” е за­мислена како простор за ос­врти на дела од жанрот на науч­ната фан­тас­тика (книги, филмови ТВ се­рии...), за есеи за научната фан­тас­тика, но и за објавување на крат­ки НФ раскази од странски и до­маш­ни автори. Рубри­ка­та е отво­рена за предлози, но и за по­ну­ди за соработка од сите кои се чув­с­тву­ва­ат подготвени да пишу­ва­ат и да ги споделат своите дела, знаења и раз­мис­лувања за научната фантастика

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2020. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.