Рубрика: Научна фантастика
205 години од објавувањето на “Франкенштајн” од Мери Шели
Автор: Љубомир Михајловски
Објавено на 01.01.2023 - 12:30

На 1 јануари во 1818 година, дваесет и едногодишната Мери Волстонкрафт Шели го објави „Франкенштајн или Модерниот Прометеј”. Да, 1818 година, додека кралот Џорџ III сè уште носел напудрени перики во Англија; додека Џон Адамс, Томас Џеферсон и Пол Ревер биле живи во сè уште новите САД, а технолошкиот развој како што се телефоните, машините за пишување и светилката биле со децении далеку, Шели ја започнала ерата на научната фантастика.

Овој голем настан е всушност последица на едно обложување помеѓу Џорџ Гордон Бајрон и Перси Биш Шели, што се случило една врнежлива јунска ноќ 1816 година на брегот од Женевското езеро. Предмет на облогот бил кој ќе напише подобар расказ на тема страв и ужас. Судбината сакала во тој настан да учествува и деветнаесет годишната сопруга на Перси Шели, Мери Волстоункрафт, која со својот расказ ги надминала и двата докажани англиски автори. По две години, во 1818-тата од печат се појавува првата верзија на “Франкенштајн или модерниот Прометеј”.

Од лево кон десно: Портрет на Мери Шели; Насловница од првото издание на "Франкенштајн"; Првото печатено издание на Франкенштајн

Ова делo се смета како прво во научната фантастика поради една битна карактеристика, а тоа е дека главен лик во делото е научник, а самиот акт што тој го извршува во делото, и покрај тоа што е фантастичен, во суштина е научен опит а не магија или алхемиски процес.

Првата екранизација на Франкенштајн  се случува во 1910 година, во режија на Сирил Доули, а познатото чудовиште го глумел Чарлс Огл. Филмот е произведeн во компанијата Едисон.

Сцена од првата екранизација на Франкенштајн со Чарлс Огл како чудовиштето

Првата екранизација на Франкенштајн
Клучни зборови:
Мери Волстонкрафт Шели

Мери Волстонкрафт Шели

Насловната страница од првото издание на Франкенштајн

Насловната страница од првото издание на Франкенштајн

Првото издание на Франкенштајн

Првото издание на Франкенштајн

Сцена од првата екранизација на Франкенштајн со Чарлс Огл како чудовиштето

Сцена од првата екранизација на Франкенштајн со Чарлс Огл како чудовиштето