Емитер 7-12/2020.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Сонцето е ѕвезда од “главната низа” стара 4,6 милијарди години. Тоа е ѕвезда од класата на жолти џуџиња, која се наоѓа во центарот на Сончевиот систем. Сонцето претставува голема топка од многу жешка плазма (јонизиран гас) и има 750 пати поголема маса од сите планети во Сончевиот систем заедно. Нуклеарните реакции во неговото јадро го преобразуваат водородот во хелиум и создаваат огромно количество енергија. Кога ќе почне да го снемува водородното гориво на Сонцето, тоа ќе прерасне во многу поголема и посјајна ѕвезда наречена црвен џин. Откако ќе ги отфрли надворешните слоеви, тоа ќе постане бело џуџе пред конечно да се излади и да се изгасне, станувајќи црно џуџе.
Вселената – нашиот универзум, огромниот бескраен простор на сите небесни тела, просторот, времето, материјата, енергијата, планетите, ѕвездите, галаксиите и интергалактичкиот простор... Сè што гледаме околу себе и сè друго што постои и припаѓа на вселената, милијарди и милијарди километри. Едноставно е бесконечна. Дури и да е конечна, таа не би имала средиште, ниту граница, туку би била свртена самата околу себе. А, убаво е да се знае и дека “во една молекула од нашата ДНК има толку атоми колку што има ѕвезди во една просечна галаксија. Сите ние во себе сме еден мал универзум.” (Нил де Грас Тајсон). Па, патувањето низ универзумот може да започне...
Сонце – симбол на живот, победа, моќ, неисцрпен ентузијазам, надеж... Но како нашето Сонце е опишано преку јазикот на астрономијата?
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2020. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.