Емитер 7-12/2020.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во светот на здравата исхрана новата мода се вика кетогена исхрана. Интернетот е преполн со информации, вистинити и лажни, за кетогената исхрана. Некои воодушевено ја препорачуваат како магична исхрана покрај која нема да има место за болести, додека поумерените предупредуваат дека тоа не е панацеа (универзален лек) и дека покрај позитивните, постојат и негативни страни од таквата исхрана. Кому да му се верува? Влатко Поповски и Владимир Филевски застапуваат дијаметрално спротивни гледишта во дебатата на оваа тема.
Влатко Поповски: Во некои јавни трудови и книги за кетонските тела пишува: “Ketone bodies are a by-product of the incomplete breakdown of Free Fatty Acids in the liver.” Од тука започнува своеволното толкување и недоразбирања за нивното значење. Во превод таа реченица би значела дека кетонските тела се нуспродукт на нецелосното согорување на масните киселини (ослободени од триглицеридите). Како такви `нуспродукт`, сè уште по литературите и мрежата, за нивното создавање, присуство во крвта и користење како енергија (кетогенеза, кетонемија и кетолиза) може да се сретне дека тоа е болест, дисфункција, абнормалност, нарушување и во најдобар случај како алтернативно гориво за време на гладување и кога нема доволно гликоза во крвта. Оваа дис-интерпретација (лошо толкување и објаснение) се пренесува преку науката, медиумите и човештвото забегува во болести.
Владимир Филевски: Мојот почитуван опонент не е биохемичар, па не го познава доволно јазикот и терминологијата (изразите) на таа струка. На пример, изразите „нуспродукт” (by-product) и „нецелосно разградување” (incomplete brakedown) имаат различно значење во различни струки. Во техничките струки изразот „нецелосно разградување” најчесто има негативно значење. Спротивно на тоа, изразот „нецелосно разградување” во (био)хемијата воопшто не мора да има негативно значење, туку може да означува намерно прекинување или пренасочување на текот на (био)хемиската реакција, со цел да се добие некој продукт кој инаку не би се добил ако би се пуштила реакцијата да се одвива слободно, до крајот на процесот! Слично, и изразот „нуспродукт” во (био)хемијата не мора да има негативно значење (во смисол на непожелен продукт во процесот на добивањето на крајниот, пожелен продукт), туку може да означува некој продукт кој се добива во помала количина во однос на некој друг продукт во текот на истиот процес (реакција), или дека е само еден од продуктите на тој процес. Така, почитуваниот опонент погрешно го сфатил значењето на тие изрази (давајќи им негативно значење), но за тоа неоправдано ги обвинува биохемиската наука, учебниците и медиумите!
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2020. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.